ЗАРЕМ И ОВА: Штипска конфекција ги држи заклучени тоалетите за време на работниот процес (ВИДЕО)

Штипска конфекција држи затворени врати на тоалети, ги отвора само за пауза, физиолошки потреби и хигиена не е потребна во работен процес. Ова е дел од реченицата од Фејсбук статусот кој денеска го објави претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева, пропратен со видео од затворената врата на тоалетот во конфекцијата.
И на крај, не сум јас крива за угледот на овој сектор, него ваквите ,,работодавачи,,. Среќа што имаме позитивни примери па ова не е сликата за целиот сектор. Година 2023, демократска држава.Штипска конфекција држи затворени врати на тоалети, ги отвара само за пауза, физиолошки потреби и хигиена не е потребна во работен процес. Ваквите примери се главниот причинител за состојбата во текстилниот сектор ама први се за увоз на работници и беседења на телевизија, оти немале.
Да, случајот е пријавен во институција, ама очигледно не се плашат од истите па и денеска се повторува истото, стои во фејсбук статусот.