Македонија

Засадени нови дрвја во Горно и Долно Лисиче

Засадени нови дрвја во Горно и Долно Лисиче - Работник
143views

Горно и Долно Лисиче денеска беа збогатени со нови садници. Имено, во кругот на училиштето „Гоце Делчев” и околу градинката беа засадени висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, соопштија од Општина Аеродром.

Со оваа акција, се посочува, Општина Аеродром го заокружи есенското засадување садници на територијата на Општината, во кое се вклучија градоначалникот Златко Марин, советниците, општинската администрација, учениците и вработените од училиштата и градинките, како и голем број граѓани, пишува Канал 5.

Извор: Канал 5