МакедонијаПравдаСветот на работникот

Затворена конфекција во Пробиштип поради заразени од коронавирус

1.02Kviews

Од вчерашниот ден по барање на трудов инспекторат, затворена е фирмата во Пробиштип каде се појавија првите случаи на заболени конфекционери. Се дава користење на годишен одмор по наше барање. Воедно имаше најава дека неколку работнички ќе продолжат со работа, но благодарение на итната реакција на инспекторат за безбедност и здравје при работа, укажано е на работодавачот дека не смее да работи ниту еден вработен.
По враќањето од изолација по две недели, ќе бидеме известени за исплатите под минимална плата.

Апелираме на вработените да ги почитуваат препораките и да се почитува самоизолацијата.

Се надеваме дека локалниот кризен штаб нема да дозволи ширење на вирусот и успешно навремено се изолираат заболените, пишуваат од Здружението “Гласен Текстилец” на фејсбук.