- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

За да не им ги земат извршители, граѓаните со блокирани сметки до петок мораат да ја подигнат помошта од 6.000 денари

За да не им ги земат извршители - Работник
324views

Парите од четвртиот пакет за поддршка на Владата од вчера започнаа да се делат на граѓание, па настана хаос низ банките низ државава, поради тоа истите излегоа со соопштенија и ги појаснија сите детали за нивно подигање.

Како што изјавуваат од таму граѓаните со блокирани сметки кои добиле државна помош од 6.000 денари, до петок треба да ги ажурираат податоците во банките и да си ги подигнат парите. За нив банките отвораат посебни, наменски сметки, во спротивно нема да можат да ги искористат, односно можат да бидат земени од страна на извршител.

„Лицата со блокирани сметки ќе можат да ја подигнат финансиската помош преку која било експозитура од филијалите на банката најдоцна до петок, 25.12.2020 година. Во спротивно нема да можат да ги користат. Банката не ги ослободува овие средства од активни или идни блокади по 25.12.2020 година“, стои во известувањата од банките.

Корисниците кои немаат сметки, а добиле парична помош, пак, најдоцна до утре треба да одат во која било филијала на банките и со важечка лична карта да отворат трансакциски сметки, најдоцна до утре, четврток 24.12.2020.

Податоците во банките треба да ги ажурираат и сите останати граѓани кои добиле парична помош за справување со последиците од панде*ијата, најдоцна до утре. Од банките предупредуваат дека средствата може да ги искористат само клиентите кои ги ажурирале податоците.

Со четвртиот сет мерки за справување со последиците од коронавирусот помош од 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани за што Владата одвои 27,3 милиони евра кои до крајот на неделава треба да им бидат исплатени на сите корисници.

Извор: А1Он