ПравдаСветот на работникот

За една недела 13 прекршувања на уредбите и протоколите при транспорт на работници во Штип, Кавадарци и Скопје

За една недела 13 прекршувања - Работник
95views

Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 10-16 јуни, направи вкупно 274 надзор. Меѓуопштинскиот сообраќај сè уште е намален за околу 90%, а тој транспорт кој се реализира, генерално е со почитување на Владините уредби, одлуки и протоколи. Релацијата Скопје-Тетово и обратно по одлука на Владата се уште не се одвива со организиран меѓуградски транспорт, истакна на денешната прес – конференција Директорката на Инспекцискиот Совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

„Транспортниот инспекторат забележа вкупно 13 прекршувања на уредбите и протоколите и тоа 3 прекршувања кај посебен меѓуопштински линиски превоз кој се врши за вработените во правни лица во општина Штип и уште по едно прекршување кај посебен меѓуопштински линиски превоз кој се врши за вработените во правни лица во Кавадарци и во Скопје, како и 8 прекршувања кои се однесуваат на превоз без дозвола за меѓународен линиски превоз“, рече таа.