ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Најголем број од работниците се вработени во средните компании

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, 57 853 пазарноориентирани деловни субјекти активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности оствариле вкупен промет од 1 307 934 милиони денари и додадена вредност од 282 158 милиони денари. За ангажираните 387 938 вработени лица, издвоени биле 157 715 милиони денари.
 
Во однос на претходната година, забележано е намалување на бројот на вработените за 3.2 %, прометот за 5.7 % и бруто додадената вредност за 6.0 %. Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 41.7 %, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 28.4 %, Градежништво со 7.1%, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 7.0 % и секторот Транспорт и складирање со 5.3 %.
 
Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 28.7 %, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 23.8 %. Значително учество има секторот Градежништво (9.9 %), додека секторoт Информации и комуникации создава 9.0 % од вкупната додадена вредност.
Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени
(90.6 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 31.8 % од вкупно вработените, тие создале 21.6 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија со учество од само 0.3 % и со ангажирани 26.1 % од вработените создаваат 32.1 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (14.0 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 42.1 % од вработените и создадоа 46.3 % од вкупната додадена вредност во деловниот сектор.