ЗА ЕКСПЕРТИТЕ ОВА Е ЧЕКОР НАЗАД: Грците ќе работат по 6 дена во неделата
Oд 1 јули, грчките работници ќе работат по 6 дена во неделата.
Ова ќе важи за одредени индустрии и производствени капацитети, како и бизниси кои работат 24/7. Со посебен закон на работодавците им се дава овластување да можат да им наложат на работниците да работат 6 дена, а за тоа да исплатат 40 отсто од редовната дневница. Во согласност со законот дозволени се најмногу 48 работни часа неделно. Притоа, работникот нема право да одбие да работи подолго. Во недела и на празници работниците треба да добијат 115 отсто повеќе пари.
За грчките експерти по трудово право, ова значи враќање на Грција еден чекор назад во однос на работничките права, додека светот веќе воведува работна недела од 4 дена.
Грција се соочува со недостиг на работна сила, а на работодавачите им се дава можност да ги користат оние работници кои веќе ги имаат, пишува Дојче Веле.
Повеќе земји во Европа и светот воведоа работна недела од 4 дена со цел работниците да бидат поефективни на своето работно место.
Фото: freepik.com