МакедонијаПравдаСветот на работникот

За работниците: Одлуки од 70. седница на Владата

Владата ги усвои предлозите - Работник
114views

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот од Министерството за труд и социјална политика во однос на опфатот на мајките чиешто платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено или посвоено дете завршило по отпочнување на времените мерки, од 11.03.2020 година, а пред почнување на вонредната состојба на 17.03.2020 година со што истите, со приложување на лична писмена изјава до работодавачите покрај добиена потврда од матичен гинеколог, со што отсуството од работа за оваа категорија лица ќе се смета за оправдано и ќе се смета дека и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19.

Владата ја усвои и Програмата за изменување на Програмата за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени, како и за спроведување на обуки за вршење на преглед на умрени лица за 2020 година, која ќе се реализира во рамките на одобрените средства согласно донесениот ребаланс на Буџетот во висина од 45.000.000,00 денари, од кои 10.000.000,00 денари од Буџетот на Република Северна Македонија, а 35.000.000,00 денари од буџетот за самофинансирачки активности на Министерството за здравство.

Истата има за цел стручно усовршување, односно специјализација/супспецијализација на медицински кадар од јавните здравствени установи во Република Северна Македонија со долгорочна цел подигнување на квалитетот на укажувањето на здравствените услуги во државата.