ЕкономијаМакедонија

Мавровски за ТВ24: По Нова година ќе има драстично зголемување на цената на струјата

Поранешниот директор на РЕК Битола Спиро Мавровски во Студио 10 истакна дека енергетската криза многу ќе се одрази во земјава. Резервите со кои се започна грејната сезона се катастрофални. Сезоната е почната, а вториот блок во РЕК Битола е во ремонт, а третиот блок допрва треба да се санира.

„Синоќешниот технички проблем, се надевам до вечерните часови ќе се санира. Но, кога имате еден блок на мрежа, е проблематично, а граѓаните тоа ќе го платат. По Нова година ќе има драстично покачување на електричната енергија. Можните енергетски ресурси кај нас се мизерни. – изјави Спиро Мавровски во разговорот за Студио 10.