Вести

Како да го избегнете бранот на откази во вашата компанија?

Подготвил: Бобан Илијевски

Целиот свет се соочува со трендот на „Големиот отказ“, познат и како The Big Quit. Тој подразбира бран на откази од страна на работниците, односно заминување од работните места во многу поголем број од претходно. Degordian неодамна на пазарот го пуштил Stethoscope, решение преку кои компаниите можат да го ублажат или да го избегнат овој негативен тренд.

Зошто луѓето даваат отказ?

Секако, и пред целиот свет да го зафати криза со давање на откази, постоеле оправдани причини за заминувањето од компаниите и генерално менување на работа. Сепак, сега, кога на тоа се одлучуваат се поголем број на луѓе, бројни компании имаат проблем со недостиг на работна сила и неразбирање зошто дошло до незадоволство кое ги поттикнало луѓето дадат отказ од работа.

Истрражувањата покажале дека се поголем број на луѓе даваат откз најмногу поради незадоволството со меѓучовечките односи, како и поради тоа што нивниот работодавач не ги цени.

По овие две водечки причини, на листата на причини за заминување од компаниите се нашле и малата плата, лошиот однос кон сопственото здравје поради големата количина на работа, како и недостигот на можности за напредување, учење и развивање на вештините. Поради тоа, како исклучително важна ставка се покажала и способноста на работодавачот на своите вработени навремено и транспарентно да им ја предочи визијата на компаниите, работните процеси, организациската структура и насоката во која сакаат да се развиваат, па како последица се појавува незадоволството со сегшната работа и желба за промена.

Што можат да направат работодавачите?

Во интерес на секој работодавач е да ги задржи работниците, да привлече нови и да го бие добар глас како работодавач. Достигнувањето на ова, секако, е комплексен процес кој бара детални анализи и планови. Degordian, кој инаку има канцеларии во четири градови – Загреб, Белград, Мостар и Њујорк, а во Хрватска дури шест пати освоил награда за најдобар работодавач, осмислил алатка која го овозможува токму тоа, истражување на задоволството на вработените како и подетални резултати на основа на кои понатаму се прават акциски планови за задржување на вработените.

Алатката на Degordian, Stethoscope замислена е како решение за предизвиците со коишто се соочуваат одделите за човечки ресурси.

Stethoscope е алатка за истражување на задоволството и ангажираноста на вработените која се состои од два прашалника.

Првиот е голем прашалник со истоимен назив „Stethoscope“. Се спроведува еднаш годишно и се состои од повеќе од 100 прашања кои ги пополнуваат вработените. Резултатите се испраќаат во секторот за човечки ресурси и менаџментот. Собраните податоци алатката автоматски ги обработува и дава детален увид во состојбата на компанијата. Можат да се филтрираат и сегментираат низ 20 различни категории. На основа на добиените податоци, ЧР и менаџментот можат да направат детални акциски планови за воочување на проблемите, но и одржување на задоволството на оние подрачја кои се покажале како предност на компанијата.

Освен големиот прашалник, алатката Stethoscope овозможува и спроведување на краток месечен прашалник под назив Pulse. Овој прашалник служи за испитување на успешноста на имплементираните мерки и воочување на подрачјата кои бараат дополнително внимание и активност на ЧР и менаџментот.

Сето што е наведено му овозможува на работодавачот да на време ги воочи потенцијалните предизвици и незадоволства внатре во компанијата, реагира и долгорочно го спречи бранот на откази од страна на своите вработени.

Што ова значи за иднината на работењето?

Прашалнците за (не)задоволство обично се многу комплицирани, а толкувањето на податоците се сложен процес кој дополнително ги троши ресурсите на компаниите. Со Stethoscope тој процес е максимално поедноставен, истовремено задржувајќи ја темелноста и јасните показатели на потенцјални и моментални предизвици за секоја компанија.

Еден од најголемите бенефити на самата алатка е токму автоматизацијата на анализирањето на податоците. Резултатите се достапни веднаш, со тоа носителите на одлуки ќе можат многу брзо да се насочат кон осмислување на акциски планови. Тоа значи дека реакцијата на компаниите може да биде брза и ефикасна.

Меѓутоа, со оглед на тоа дека заедно со Stethoscope, кој се спроведува еднаш годишно, постои и помал прашалник, Pulse, компанијата може да ја следи успешноста на акциските планови на месечно ниво и со тоа повремено да реагира. Долгорочно, за работењето, тоа значи она кон што секој работодавач треба да тежи – унапредување на задоволството на вработените, кое последично носи и намалување на флуктуацијата.

 

Stethoscope

Извор: BIZLife

Фото: Degordian

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk