ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Кој не може да оствари право на гарантирана минимална помош – втор дел

Кој не може да оствари право на гарантирана минимална помош – втор дел
Правото на гарантирана минимална помош нема да може да го оствари домаќинство кое не е изложено на социјален ризик, а истото е констатирано врз основа на непосреден увид и стручната документација од овластен работник од центарот за социјална работа.
Право на гарантирана минимална помош не може да оствари и домаќинство во кое член:
– може сам да се издржува,
– може да остварува приходи со продажба или со давање под закуп на имот во нивна сопственост, кој членовите на домаќинството не го користат,
– има склучен договор за доживотна издршка, а не покренало постапка за раскинување на тој договор,
– може да обезбеди издржување по друга основа,
– е избришан од евиденцијата на невработени лица заради нередовно пријавување, до истекот на периодот до кога стекнува право повторно да се пријави, согласно со прописите за вработување и осигурување во случај на невработеност и/или
– на кој работниот однос му престанал спогодбено, по негово барање или со отказ од работодавецот поради кршење на договорните обврски или други обврски од работниот однос, во последните 12 месеци пред поднесување на барањето за остварување на право на гарантирана минимална помош.
Дополнително важно е да се спомене дека при утврдување на висината на гарантираната минимална помош за член на домаќинство не се сметаат одредени категории на лица и нивните приходи не се засметуваат при остварување на правото на гарантирана минимална помош, станува збор за:
– лица кои се на издржување казна затвор подолго од 30 дена,
– лицa кои со решение на центарот за социјална работа се сместени во установа за вон-семејна социјална заштита, згрижувачко семејство, организирано живеење со поддршка, или друга установа и
– за сторителите на семејно насилство
Тимот на Јуридика