Зголемен бројот на работници во август, намалување има во рударството
Бројот на работници во индустријата во август е зголемен за 1,3 проценти во споредба со истиот месец лани, но намалување се бележи во секторот рударство за 1,7 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,9 проценти.
Според Државниот завод за статистика, пораст се бележи во секторот Преработувачка индустрија за 1,9 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај Капитални производи за 13,5 проценти, а опаѓање има кај Енергија за 4,6 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,9 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1 процент.
Во периодот јануари – август има зголемување на бројот на работници од 0,9 проценти во споредба со истиот период лани.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024