Земјата на чудесните 1,000-денари-останати-од-плата-за-кризни-денови
- Вештачката интелигенција и иднината на работните места: Меч со две острици - 18/09/2024
- Овој град дава 900 евра за да се преселите во него - 16/09/2024
- Да ги задржиме оние кои ни останаа! - 14/09/2024
Автор: Бобан Илијевски
Пред некој ден гледав една епизода од култното сатирично шоу “Зевзекманија”, во кое имаше еден скеч каде што маж и жена, седнати на масата во дворот пресметуваат колку пари ќе им останат откако ќе ги платат сите сметки. И двајцата се на минималец од 20,175 денари. По пресметувањето на сметките за струја, вода, кабелска и интернет, телефоните и храната, на крајот им останаа 1,500 од вкупно 40,350 денари.
Иако ова во ситуацијата е скеч, сепак за илјадници луѓе во Македонија е секојдневна реалност со која се соочуваат. И покрај тоа, премиерот и останатите функционери во државата продолжуваат да се фалат дека просечната плата изнесува 37,000 денари. Тие воопшто не го земаат предвид фактот дека 80 до 90 илјади граѓани се на минимална плата, а илјадници други земаат средна плата од некаде 25,000 денари. А со овие плати не може да се преживее месецот, а камо ли да се тргне пари настрана за “кризни денови”.
Инфлацијата се повеќе ја “јаде” вредноста на парите. За еден човек да го увиди ова, не треба да биде математичар, доволно е да пазари во маркет, а со оглед на тоа што сите пазарувме, многу добро знаеме со 500 или 1,000 денари колку намирници можеме да купиме.
Ова писание е еден од низата на потсетници за состојбата во која живееме. Не е жалење или кукање, туку е суровата реалност во која се наоѓаме. Повеќе од 30 години не можеме да го зголемиме стандардот на живот. Не знам. Навистина не знам уште колку ќе тераме вака.