ЗНМ: Директорот на топланата „Скопје Север” да си поднесе оставка поради грубите навреди кон новинарка

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара директорот на топланата „Скопје Север” Куштрим Рамадани веднаш да си поднесе оставка поради груби навреди кои ги упатил кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк.

ЗНМ алармира дека ваков однос кон новинарите и медиумските работници од страна на одговорни лица е недозволив и непримерен.

Директорот Рамадани исто така, како што додаваат, според разговорот објавен на Мкд.мк, се заканува со тужба на новинарката Додевска без никаква основана причина што дополнително, според нив, говори за нискиот капацитет за професионална комуникација.– ЗНМ стои на располагање на колешката Додевска за бесплатна правна помош и за застапување на суд во врска со овој случај, посочуваат од ЗНМ.