Зошто добрата вест за намалувањето на пушењето е лоша вест за противниците на пушењето?

Од активистички и државни организации и институции кои се борат за благородни цели како што се здравјето на луѓето, животните и планетата, би било логично да се очекува да ги поздрават вестите кои покажуваат дека во светот се случуваат поместувања за кои се залагаат.

Исто така, би било очекувано дека во време загадено со штетни лажни вести и дезинформации да се залагаат за вистински факти и нивна објективна презентација. Но, за жал, искуствата и студиите покажуваат дека тоа секогаш не е така.

Добри вести претворени во лоши

На пример, во март 2022. американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) објавил извештај за трендовите на консумацијата на производи од тутун наречен 2021 National Youth Tobacco Survey (NYTS).

Тој покажал дека пушењето во САД е во значаен пад и дека во 2021 година само 1,5 % од учениците во средните и високите школи запалиле цигара во последните 30 дена. Пушењето кај тинејџерите се намалило за неверојатни 90 % во последната деценија, а во голем пад е и употребата на електронски цигари кај оваа возрасна група. Пушењето цигари опаднало и кај возрасните, и тоа на најниско ниво од 1960-тите.

„Ова е неверојатна приказна за успех“, рекла за Медиум, Робин Мермелстеин, директорка на Институтот за здравствни истражувања и политики на Универзитетот во Илиноис, Чикаго, поранешна претседателка на Здружението за истражување на никотин и производи од тутун.

„Стрмниот и доследен пад во користењето на цигари меѓу тинејџерите по сите мерки треба гласно да се поздрави“, подвлекла таа.

За очекување е дека CDC и непрофитните организации кои се борат против пушењето, со задоволство да ги претстават ваквите позитивни наоди, поради тоа што делумно тоа е нивна заслуга. Но, тоа не се случило.

На пример, CDC резулатите ги објавил со насловоот: Користењето на електронски цигари меѓу младите останува сериозен здравствен проблем сред пандемијата со Ковид – 19.  Американската непрофитна организација Campaign for Tobacco Free Kids исто така наодите ги објавила под наслов: Новата анкета покажува дека и покрај постојаниот напредок, 2,55 милиони деца користеле цигари во 2021 година, а 79 % од нив користеле тутунски производи со арома. Проблемот не е само во негативно интонираниот наслов.

Воведите во овие текстови, исто така, ставаат фокус на негативните информации, па така позитивните наоди кои во најголем дел се „разредени“ ќе ги дознаат само упорните читатели кои на текстот ќе се задржат доволно долго за да го прочитаат повеќе од половина. Некои од другите анти-пушачки организации воопшто не ја пропратиле оваа добра вест.

Зависност од лоши вести

Некои експерти истакнуваат дека негативно интонираните вести и недостатокот на добри реакции во вакви случаи укажуваат на еден сериозен, широк проблем кој на прв поглед изгледа како парадокс, а тоа е дека остварувањето на целите за кои одредени организации се залагаат не мора да значи дека е добра вест за нив самите.

Клајв Бејтс, долгогодишен активист против пушењето кој претходно ја водел организацијата Action on Smoking and Health, за Медиум рекол дека парадоксот на овие здравствени организации и здруженија е тоа што им се потребни лоши вести за да ги оправдаат рестриктивните политики кои се во срцето на нивниот модел за јавно здравје, но за да го оправдаат и сопственото постоење.

„Заканите создаваат простор за јавноздравствени интервенции, за организациите, поддршките, публикациите, конференциите, договорите итн. Без закани, тие ја губат причинаа за нивното постоење“, објаснил тој.

Историски успех

Колку извештајот на CDC е добар, односно колку е значаен падот на бројот на пушачи кој го наведува таа институција, станува појасно кога работите ќе се стават во историски контекст.

Имено, експертите за јавно здравје во 2010 година го објавиле извештајот под назив Здрави луѓе 2020. Во него поставиле цели за намалување на употребата на цигарите во текот на следната деценија. Во тоа време околу 19,5 % од средношколците изјавиле дека пушат цигари.

Проектот Здрави луѓе 2020. имал за цел до 2020 пушењето на цигари во средните училишта да се намали на 16 % и севкупната употреба на цигари меѓу средношколците да се намали на 21 %. Меѓутоа, извештајот на CDC од 2022 покажал дека во американските средни училишта цигари пушат само 1,9 % од учениците и дека употребата на сите видови на тутунски производи паднала на само 11,3 %.

Нова војна – против е-цигарите

Во таква ситуација американските организации кои се борат против пушењето и тутунската индустрија поставиле нова цел – борба против никотин во секој облик, вклучувајќи го и пасивното пушење и е-цигарите, иако според CDC нивното користење е исто така во опаѓање.

Притоа е интересно дека во Велика Британија владините здравствени агенции, вклучувајќи ја и National Health Service, вејпингот го доживуваат како помош за одвикнување од пушење на цигари кое претсавува многу скапо оптоварување за здравствениот систем. Со дуги зборови, здравствените екпсрти сметаат дека ќе ги сочуваат и животите и парите ако пушачите прејдат на е-цигари.

Но, во САД, Управата за храна и лекови (FDA) која има надлежност врз регулирањето на вејпингот уште од 2016 година, се‘ уште не создала единствен систем на стандард за е-цигари и е-течности. Наместо тоа, во последните неколку години некои американски сојузни држави вовеле своевидна прохибиција на производите поврзани со е-цигарите.

Притоа треба на ум да се има дека во последните години станало очигледно дека пушењето на е-цигари не делува како врата, односно како поттик за почеток на пушењето на цигари кај младите, туку обратно. Поголемиот дел од луѓето кои пушат е-цигари се поранешни пушачи на вистински цигари, а вејпингот им помогнал да се одвикнат од цигарите. Згора на тоа, студиите покажале дека вејпингот е најдобра излезна стратегија за одвикнување од пушењето.

Придобивките од вејпингот со престанувањето на пушењето

Составниот преглед од 2021. покажал дека луѓето кои користеле е-цигари за престанок на пушењето, како и стручна поддршка лице во лице, имале околу два пати поголема шанса да успеат од луѓето кои користеле други производи како замена за никотин, како што се фластери или гуми за џвакање.

Освен тоа, составниот преглед од 400 студии кои за британските власти ги спровеле научници од King’s College во Лондон покажал дека пушачите кои преминуваат на вејпинг доживуваат „значајно намалување“ на изложеноста на отровните супстанци кои предизвикуваат рак, болест на бели дробови и кардиоваскуларни болести.

Овде сепак треба да се истакне дека истражувањата покажале дека вејпингот не е без сериозен ризик и дека комбинацијата на вистински и е-цигари може да биде поштетна дури и од пушењето или самиот вејпинг.

Во секој случај, се наметнува прашањето за тоа каква смисла има воведувањето на радикални забрани на е-течности и цигари и истакнување на проблемите од вејпингот во моментот кога е очигледно дека на многумина им е од корист покажува тренд на опаѓање.

Нападите од натипушачите кон научниците

Фокусирањето на организација како што CDC на негативните вести во некоја рака се‘ уште може да се сфати или оправда како потреба злото понатаму да се намалува – фокусот треба да биде на проблемите коишто се‘ уште се присутни.

Но, за жал, бројни членови на невладните антипушачки организации во својот зилотизам одат уште еден чекор понатаму. На пример, американскиот National Center for Biotechnology Information (NCBI) на своите страни бележи три случаи во кои антипушаките организации лошо ги претставувале резулатите од студиите за влијанието на краткотрајното пасивно пушење, со тврдења дека неговите последици се речиси еднкави како и вистинското пушење, односно дека тоа може да го зголеми ризикот кај непушачите од смртоносниот срцев удар на нова какви постојат кај вистинските пушачи.

За работите да бидат полоши, некои од антипушачките организации упатиле напади кон сериозни научници, исто така борци против пушење кои се обиделе да ги коегираат.

„На основа на анализите, се чини дека голем број на организации против пушењето изнесуваат неточни тврдења дека еднократната, акутната и поминливата изложеност на пасивно пушење може да предизвика тешки, па дури и смртоносни кардиоваскулларни нарушувања кај здравите непушачи. Ширењето на неточни информации кои се изнесуваат во јавноста во прилог на забраната за пушење е несреќно, бидејќи може да му наштети на движењето за контрола на цигарите со оглед на тоа дека го поткопува неговиот квалитет, углед и ефикасност. Ширењето на неточни информации, исто така, претставува и кршење на основните етички начела кои се темелни на вредностите на јавноздравствената пракса која не може и не смее да се жртвува, дури ни за благородна цел како што е заштитата на непушачите од изложеноста на пасивното пушење“, толкуваат во воведот авторите на студијата.

Во ера на лажни вести потребна е поголема внимателност

Во моментот во историјата во кој, според истражувањата на списанието Nature, лажните вести преку социјалните мрежи се шират дури шест пати побрзо и пошироко од вистинските, исклучително е важно да се внимава да не се фалсификуваат научните информации, па дури и за стекнување на лажен впечаток. Особено тоа важи за сериозните државни здравствени организации и институции кои мораат да се држат до сопствениот кредибилитет дури и во ситуации кога се залагаат за добри цели.

Тезата на Макијавели дека целта ги оправдува средствата никако не оди во прилог ако средствата се проблематични, дури ни кога целта е недвосмислено благородна.

Извор: Index.hr

Фото: Shutterstock