Светот на работникот

Стресот на работа убива побрзо од цигарите? Нова студија открива изненадувачки податоци

Зад наизглед „обичниот“ работен ден се крие сериозна закана по здравјето – стресот на работното место. Новата студија, спроведена од д-р Џефри Фефер (Стенфорд) и д-р Џоел Го (Харвард), покажува дека хроничниот стрес на работа може сериозно да го скрати животниот век.

Истражувањето, објавено во научното списание Behavioral Science & Policy, открива дека долгиот работен ден, недостатокот од контрола, како и несигурноста на работното место, се меѓу главните извори на токсично работно опкружување. Уште позагрижувачки е податокот дека последиците по здравјето од вакви услови можат да бидат еднакви со оние од изложеност на чад од цигари – а во некои случаи и поопасни од самото пушење.

„Замислете да работите под постојан притисок, без можност да влијаете врз одлуките, и со постојан страв дека може да останете без работа. Тоа остава сериозни последици не само врз психичкото, туку и врз физичкото здравје,“ се наведува во анализата на студијата.

Авторите нагласуваат дека промените во работната средина – било преку промена на работното место, било преку подобрување на условите на постојното – можат драстично да го подобрат менталното и физичкото здравје на вработените.

Оваа студија е повик за будење и до работодавачите: здравата работна атмосфера не е луксуз, туку неопходност ако сакаме долговечен и продуктивен живот.

Извор: BIZLife.rs