- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветот на работникот

Зошто е важно да се вработите во компанија која ќе РАБОТИ за вас?

Зошто е важно да се вработите - Работник
240views

Традиционалната процедура за барање на работа во основа е многу специфична. Во главно сите се обидуваме да ги импресионираме нашите работодавачи правејќи богати биографии, пропратни писма и портфолија, но често го занемаруваме прашањето: Дали е тоа она што навистина го сакаме?

Во реалноста, за да пронајдеме совршена работа, потребно е процесот на барање да го започнеме од внатре. Постои шанса да разговараме со компаниите пред тие да разговараат со нас.

Advertisement

Работата е место на кој поминувате добар дел од вашиот живот. Го посветувате своето време и напорот на компанијата, се дружите со колегите, преземате одговорност и правите компромиси, па е реално и очекувано да работите нешто што сакате за компанија чии вредности се поклопуваат со вашите и да работите со луѓе кои ги почитувате.

Што навистина сакате од работата?

Advertisement
Advertisement

Понекогаш желбите се на второ место во однос на потребата за сигурност. Наместо да го употребиме традиционалниот начин за пребарување, би требало да размислиме за тоа што сакаме од нашата работа.

Прво што треба да утврдите се вашите приоритети и цели во кариерата. Размислете за некои работи за кои нема да преговарате со следната компанија за која планирате да работите и запишете ги. Дали сакате да му дадете приоритет на професионалниот развој? Тимската култура? Работодавачите да бидат луѓе кои ве импресионираат? Обука и ресурси? Добра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот? Поволности за здравство и празници? Компанија со перспектива? Компанија која има вредности кои се совпаѓаат со вашите?

Потоа со помош на овие приоритети одредите дали компанијата ќе „работи за вас“, односно дали сакате да бидете дел од таква компанија. Што повеќе компаниите се вклопуваат во вашите желби, толку поголема е веројатноста дека и вие полесно ќе се склопите и ќе се истакнете во вашата улога.

Зошто е важна транспарентноста?

Пристапноста кон информации за компанија укажува на тоа во која мера компанијата ја цени транспарентноста и ја покажува својата способност јасно да комуницира – како интерно, така и екстерно.

Кога барате компанија, имајте на ум дека е лесно да се пронајдат информации за тимот. Транспарентна компанија треба да има барем јавно достапни информации за извршниот тим на раководството, нивните директни извештаи и членовите на одборот.

Можноста да дознаете информации за тимот во компанијата покажува дека компанијата презема одговорност во носењето на одлуки и го препишува успехот на своите вработени и ги почитува такви какви што се.

Исто така, вам како кандидат за вработување ви овозможува  да погледнете кои се луѓето кои имаат важни одлуки, нивната кариера и дали изгледаат на луѓе со кои би сакале да работите.

Транспарентноста и културата се пресудни за носење на одлуки дали новата компанија би можела да одговора на вашите потреби. Кога ќе ја добиете новата работа, за одредени работи како платата и локацијата можно е да се преговара, но за културата и вредностите не е можно.

„Проучување“ на својот потенцијален работодавач

Денеска многу е лесно да се најдат информации за мисијата на компанијата, основните вредности и изразот на нејзината култура. Дали е ова компанија која „можете да ја оставите зад себе“ во етичка смисла? Дали се вклопува во вашите барања за различност, социјалната свест и еколошките цели? Проучете ги зборовите на вашиот потенцијален работодавач и проверите дали ви одговараат.

Дали стратегијата и процесите на компанијата достапни? Можете ли да утврдите како вашата улога би можела да се вклопи во наведените цели и основните вредности на компанијата? Постојат низа на прашања кои треба да ги поставите, а компанијата би требало да ви ги даде одговорите и да ви даде причини зошто да работите таму.

Еднаш кога ќе ја проверите веб страната на компанијата, пребарајте како компанијата се појавувала во медиумите.

Потоа, тука се и социјалните мрежи. Токму како што компаниите ги користат социјалните мрежи за да ја проверат подобноста на потенцијалните вработени, и вие истото би требало да го направите за нив. Тоа е одличен начин да набљудувате како компанијата комуницира со луѓето.

Цел: Најдете работа која ви одговора

Ако постои компанија која ви делува „посакувано“ и мислите дека најдобро ќе ви одговора, потрудете се да ве забележат. Обратете му се на работодавачот преку професионални мејлови и сигнализирајте интерес.

Целта е да најдете работа која ќе ви помогне искрено да се изразите, а не да ве направи несреќни.

Предностите на разговарањето со компанијата пред да се пријавите за работа се повеќе: ќе дознаете дали компанијата ви одговора, ќе научите повеќе за неа, ќе бидете подготвени за интервју или обратно и ќе дознаете дека нема потреба да се измачувате со пријави.

Извор: Bizlife

Фото: Pixbay

 

Advertisement