Зошто Македонците, како по обичај, плаќаат најскапа струја во регионот?!
Македонците плаќааат најскапа струја, дури поскап киловат час и од граѓаните на Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и на Косово, покажуваат најновите податоци на Европската статистичка служба (Евростат) за првата половина од 2023 година. Според Евростат, во првата половина на 2023 година, во Албанија 10,1 евро биле 100 киловат-часови, додека во Македонија цената е 10,5 евра за 100 киловат-часови. И покрај субвенциите кои се напишани на секоја испорачана сметка за електрична енергија, домаќинствата во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот.
Според Евростат, косовските семејства имаат најевтин енергенс во Европа, по цена од 0,067 евра за киловат-час. Следуваат Турција (0,084), Босна и Херцеговина (0,087), Србија (0,096) и Црна Гора (0,096).
Во Македонија во тек е повикот за избор на Универзален снабдувач за електрична енергија за наредните пет години. Сегашната маржа изнесува 11, 5%. Една од компаниите која најави учество во јавниот повик, ЕДС, уште во почетокот најави далеку пониска маржа од сегашната. Пониската маржа ќе овозможи поински сметки за струја за домаќинствата и за малите потрошувачи. Јавниот повик за Универзален снабдувач завршува на 12 јануари. Мандатот на новиот Универзален снабдувач ќе почне во јуни 2024 година.
Извор: Експрес.мк
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024