Иванова по воведувањето на четиридневна работна недела: „Се зголемија и продуктивноста и взаемната почит“
Гледам дека медиумите анализираат дали е можно да се воведе четиридневна работна недела во Македонија. Јас лично сметам дека може и дека треба, но сум песимист дека тоа ќе се случи во блиска иднина.
Зошто?
Како прво, поголемиот дел од работодавачите немаат волја да го имплементираат тој модел. Велам поголемиот дел, бидејќи и кај нас има компанија која го има воведено. Минатата година, Александра Иванова, сопственичка на сметководственото биро „Андреева Консалтинг“ воведе четиридневна работна недела без да ги намали платите на вработените.. Од неа побарав да ми даде впечатоци од резултатите на воведувањето на овој модел.
„Четиридневната работна недела за нас значеше една нова позитивна енергија на работното место и во работниот процес. Во ова брзо време во кое живееме и тоа како ни значи повеќе слободно време, па така оваа промена влијаеше на зголемување на продуктивноста, но и на взаемната почит на релација претпоставен-вработен. Кога тимот функционира како семејство сѐ е полесно, а четиридневната работна недела беше уште еден плус во приказната, рече Иванова во кратката изјава.
Се надевам дека повеќе работодавачи ќе го следат нејзиниот пример, но како и што реков погоре – песимист сум дека тоа ќе се случи наскоро. За да се воведе, прво некој треба да иницира експеримент, па потоа да се пријават компании кои би сакале да учествуваат, за по извесен период да се видат резултатите од експериментот.
Во Европа, некои држави како на пр. Белгија, воведоа четиридневна работна недела, но наместо 8, работниците во четирите дена работат по четири часа. На светско нив, во септември 2023, Бразил започнал со експериментирање на овој модел, додека во Канада, десетици компании станале дел од 4 Day Week Global пилотот.
- КАКО ДА ОДГОВОРИТЕ НА ПРАШАЊЕТО „КОЛКАВА ПЛАТА ОЧЕКУВАТЕ?“ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА – ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ НА ИЗАБЕЛА ШКОФ, СОВЕТНИК ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРА [Видео интервју] - 17/04/2025
- МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ВИСОКО АНГАЖИРАНИ, НО МНОГУ ГНЕВНИ: Состојбата во Европа со ангажираноста на вработените со акцент на Македонија - 13/04/2025
- ЕДНО ПРАШАЊЕ: КАДЕ ДА ПРИЈАВАМ МОБИНГ? - 10/04/2025