МакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

Известување од Независниот синдикат на одбраната за исплатената плата за месец јуни 2022

   Време за читање 1 минута
Почитувани членови.
Денес добивме многу телефонски повици во врска со исплатената плата за месец јуни/2022 година, која се исплатува по работна листа за месец мај/2022.
Врз основа на тоа ве известуваме дека со платата за месец јуни/2022 покрај основната плата исплатени се, следните додатоци на плата, и тоа:
– додаток на плата за прекувремена работа,
– додаток на плата за работа во ден за празник и ден недела,
– додаток на плата за ноќна работа и
– турнус (за вработените кои работат во смени.
Притоа напоменуваме дека овој вид на додаток на плата се пресметува на основната бруто плата на вработените, што значи дека за истите додатоци се исплатуваат и придонеси спрема надлежните фондови.
Согласно договореното со Министерството во низата одржани состаноци, во наредниот период ќе се продолжи со исплатата на овој вид додатоци на плата согласно Колективниот Договор на Министерството за Одбрана.
Независниот синдикат на одбраната, органите и телата на НСО во изминатиот период водеа преговори за исплата на овие додатоци на плата, оттука преговорите вродиа со плод и дадоа видни резултати.
Ни преостанува да продолжиме кон нови цели и други успеси, а сето тоа во интерес на вработените во Министерството за одбрана и Армијата
Иако во моментот имаме и ограничувачки фактори во врска со позитивните законски прописи во државата, кои се во надлежност и решавање на други афторитети, сепак овој вид на додатаци на платата за прв пат вработените во Армијата ги остварија.
Ние продолжуваме со преговори за остварување на правата на сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата.