Музичарите бараат нивно вклучување во петиот пакет мерки за финансиска помош
Музичарите што членуваат во шесте здруженија од целата земја синоќа одржаа состанок во Охрид, при што потпишаа Меморандум за соработка и заеднички настап пред државните орани и институции.
На средбата се усвоени и одлуки за проширување на законските одредби околу музичко-естрадното работење, со кои естрадните уметници би можеле да регистрираат дејност не само како ДООЕЛ, трговец-поединец или самостоен занаетчија според постојниот закон, туку и паушално да можат да ги подмируваат обврските кон државата како категорија работници без редовни и планирани приходи.
Исто така, одлучено е да се продлабочи соработката со Министерството за култура и останатите државни институции во правец на изнајдување на механизми за заштита на македонската музика и македонските музички артисти во склоп со останатите соседни држави.

