МакедонијаСветот на работникотСиндикат

„ИМА ПОВЕЌЕ ШАНСИ ДА СЕ НАТЕРА РАБОТОДАВАЧОТ ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАЊАТА“: Која е подобра алатка на работниците – Протест или Штрајк?

Кога синдикатите не можат преку преговори да добијат одредени барања, како зголемување на плати, регрес за годишен одмор или кога се противат на некои политики на Владата кои ги засегаат, своето незадоволство го искажуваат или преку штрајк или преку протест.

Како портал кој анализира теми од областа на работните односи, го поставивме прашањето која од овие две, да ги наречеме алатки, дава поголеми резултати? Штрајкот или протестот.

Предности и недостатоци на протестот

Пред да продолжиме понатаму, важно е да се напомене дека протестот е синдикална акција која подразбира искажување на револт надвор од работното време или за време на паузите. Од друга страна, штрајкот значи прекинување на работниот процес до оној момент додека не се исполнат поставените барања.

Протестот има повеќе предности, но и недостатоци, а еве кои се тие:

Предности:

  • Акцијата е од временски краток период
  • За краток временски период може да се оствари целта
  • Можност за покажување на единство во акцијата преку излезеноста на голем број членови и поддржувачи на синдикатот
  • Пред надлежните се промовира моќ на организацијата
  • Нема опасност од посериозни притисоци врз членовите
  • Нема опасност од скратување на дневница
  • Мала е можноста за негативна критика на јавноста, бидејќи [институцијата/фирмата] не сопира со работа.

Недостатоци:

  • После протестот нема гаранција за успех
  • Доколку не се оствари целта на протестот, постои можност да падне мотивацијата кај членовите
  • Можна е критика од членството за „купување на време“
  • Нанесување на „мала или никаква штета“ на работодавачот
  • Сериозни материјални трошоци за подготовка и реализација на протестот.

Предности и недостатоци на штрајкот

Предности:

  • Ефикасен начин за доаѓање до целта
  • Задавање на „силен удар и штета“ на работодавачот
  • Доколку штрајкот е масовен, можно е за кратко време да се постигнат големи резултати
  • Добри резултати, успешен штрајк, нови членови, материјална, индивидуална и колективна придобивка
  • Враќање на довербата во синдикатот во дејноста и воопшто на национално ниво
  • Разбивање на групите кои сакаат да му наштетат на синдикатот
  • Добра стартна позиција за понатамошните преговори за нови колективни договори.

Недостатоци:

  • Подолготрајни подготовки
  • Можност за различни видови притисоци (политички партии, јавност, инструирани медиуми, социјални мрежи)
  • Закана за неисплаќање на дневници
  • Револт од граѓаните кои се засегнати од штрајкот
  • Заменски работници
  • Одработување на деновите на штрајк
  • Лесно влегување во штрајк, тешко излегување без соодветни резултати
  • Можно е инструирани членови и не членови да водат кампања против резултатите на синдикатот, со обид за одлив на членството
  • Можен одлив на членство

Ова се дел од предностите и недостатоците на протестите и штрајковите кои ги добивме од синдикатите, а кои укажуваат на тоа дека и двете алатки имаат потенцијал да дадат резултати, но и да поминат без некаков напредок. Нивниот успех зависи од горенаведените предности и недостатоци.  

Фото: Freepik

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk