НовостиСветот на работникот

Има 100 години и понатаму работи 4 дена во неделата: Ова е нејзиниот најдобар совет за долга и среќна кариера

   Време за читање 3 минути

Џејн Бернс не планирала да работи и кога ќе наполни 100 години. Сепак, таа поголемиот дел од утрата сама вози 20 минути од својата куќа во Синсинати до Мејсон во Охајо, за да ја започне својата смена, на скратено работно време, во фабриката Џоан Фабрик и Крафтс, каде што сече ткаенини.

Во продавницата работи 26 години и тоа е и понатаму еден од нејзините омилени начини да го поминува времето.

Уживам во она што го работам, па сакам да продолжам. Ќе работам додека можам или додека сакаат да работам, вели таа.

Бернс, која на 26 јули наполнила 101 година, започнала да работи во една занаетчиска работилница во 1997 година, само неколку месеци откако нејзиниот сопруг Дик починал. Нејзината ќерка Дона Бернс работела во продавницата на половина работно време и ја препорачала за таа работна позиција мислејќи дека тоа би и помогнало да го одврати вниманието од тагата, пишува CNBC Make it.

Стогодишната жена, која поголемиот дел од својата кариера работела како сметководителка, се обидела да се пензионира неколку пати во текот на своите 70-ти и 80-ти години, но се „повлекувала од пензија“ само неколку месеци подоцна, бидејќи ја нарушувала рутината и ручеците со колегите.

Уживам да разговарам со сите со кои работам и да запознавам клиенти кои се многу љубезни. Дури и ако некои од нив се изненадени што ме гледаат зад масата за сечење, вели таа.

На крајот на краевите, не постои тајна за подолг и посреќен живот, вели Бернс, но „работата помогнала“. Во текот на повеќедецениската кариера, Бернс научила дека постои една карактеристика која е заедничка за сите „најдобри работни места“, а тоа се добрите соработници.

Важно е да се пронајдат луѓето кои се пријателски настроени и љубезни, вели таа.

Имањето на добри работни односи не само што ја прави вашата работа попријатна, туку може да направи времето да поминува побрзо, што според Бернс, овозможува да живееме подолг живот. 

Нејзините совети за кариера ги поддржува 85-годишната студија на истражувачи од Харвард која открила дека позитивните односи се она што луѓето ги прават среќни во текот на целиот живот.

Студијата покажала дека најнесреќните работни места обично се најосамени и дека вклучуваат повеќе независна работа од меѓучовечки односи или предвидуваат ноќни смени, како што се возење на камион и ноќно обезбедување.

Позитивните односи на работа доведуваат до пониско ниво на стрес, поздрава работа и овозможуваат помалку денови да се враќаме дома вонзнемирени, пишуваат двајцата истражувачи, Роберт Валдингер и Марк Шулц, во својата книга „Добар живот“.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Printskrin: TikTok/maggiehusvar