(Видео) Проблемите и предизвиците на работниците и работодавачите за време на корона кризата
Од барања за потпишување на изјави со кои работниците ќе им бидат постојано на располагање на работодавачите, па се до бремените жени и нивните права во текот на вонредната состојба, поради пандемијата на Ковид – 19, беа дел од прашањата кои беа поставени на денешната онлајн консултација со професорот по трудово право, Лазар Јовевски.
Најголемиот дел од луѓето кои поставуваа прашања и коментираа се вработени од јавниот сектор кои се погодени од корона кризата.
Проф. др. Лазар Јовевски зборуваше и за владините уредби во текот на вонредната состојба, за нивните измени и дополнувања, но ги образложи и законските решенија, особено Законот за работни односи и законот за административни службеници.
Едно од прашањата кое се издвои беше тоа дали смее работодавачот од работникот да бара да потпише писмена изјава за тоа да му биде достапен кога ќе му биде потребен, на што Јовевски посочи дека тоа не смее да се дозволи, но нагласи дека во Законот за административни службеници постои одредба со која работникот за време на вонредна состојба треба да му е достапен на работодавачот, но сепак, како што рече Јовевски, ова се однесува најчесто доколку има елементарни непогоди.
Во продолжение погледнете ја онлајн консултацијата:

