МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Им дојде преку глава: КСС нема да учествува на работните средби за Колективниот договор се‘ додека не се постигне усогласување

   Време за читање 1 минута

Последниот предлог на Владата за зголемување на платите од 10 % во септември 2023 година, со тоа што во 2024 нема да има никакво зголемување, а во 2026 истото ќе биде од 3 до 5 %, за синдикатите е неприфатлив.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека за нив ништо друго не е прифатливо, освен усголасување на платите согласно минималната/просечната плата и инфлацијата.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски во кратка изјава за Работник, рече дека синдикатот нема да присуства на работните средби за Општиот колективен договор за јавен сектор се‘ додека не се постигне усогласување. 

Вчера, неколку грански синдикати при КСС, јавно го искажаа револтот против последниот предлог на Владата и побараа од Сојузот на синдикатите на Македонија да не го потпишува Општиот колективен договор.

Револтот на синдикатите продолжува – Колективниот договор за јавен сектор не е прифатлив ниту за СПМ

Гранските синдикати при КСС се кренаа против Општиот Колективен договор, не е прифатлив ниту за Синдикатот на клинички центар

Општиот колективниот договор е штетен, работниците да не дозволат ССМ да го потпише

Во 2024 година нема да има никакво усогласување на платите, СОНК не го прифаќа Општиот колективен договор

Зголемувањето од 10 % не е прифатливо ниту за Независниот синдикат на државната администрација кој денеска одржа протест.

„Ние не се согласуваме со покачување на плата од 10 % што Владата и Сојузот на синдикати го договорија. Не се согласуваме ни со К-15 во висина од десет илјади денари, а револтирачки е што од нашите средства доделени од Судскиот совет, 15 % на плата, вчера министерот за финансии ги одби“, рече Јасмина Величкова, претседателка на Независниот синдикат на судската администрација.

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси