- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, октомври 2020

Индекси на продажните цени - Работник
139views

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.8 % на месечно ниво, а за 1.6 % на годишно ниво.

Во октомври 2020, во споредба со септември 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %.

Во октомври 2020, во споредба со октомври 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во секторот Рударство и вадење на камен се непроменети, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1.8 %.

 

Извор: Државен завод за статисика