(ИНТЕРВЈУ) Дамовски: Kонтинуирана поддршка за одржлив развој на компаниите и креирање услови за нови вработувања особено за жени и млади

Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, има за цел зајакнување на деловниот сектор во Република Северна Македонија, создавање поволна околина во три сектори кои се идентификувани како сектори со потенцијал за развој: Одржлив агробизнис, Активен туризам и Информатичка и комуникациска технологија (ИКТ).

За идеите, моменталните активности и плановите за делување на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост, разговараме со директорот на ИМЕ-програмата, Горан Дамовски.

Агротим: Што нуди Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ? Кои се нејзините цели и кон кои сектори е насочена поддршката?

Горан Дамовски: Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост -ИМЕ, има за цел зајакнување на деловниот сектор во Република Северна Македонија. Нашата мисија е да создадеме поволна околина во три сектори кои се идентификувани како сектори со потенцијал за развој: одржлив агробизнис, активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ).

Нашата цел е да ги прошириме пазарите и да ја зајакнеме конкурентноста кај домашните чинители во овие три сектори, да катализираме севкупно подобрување на квалитетот на производите и услугите и да создадеме одржливи работни места за висококвалификуваниот кадар во државава, особено за жени и млади.

Повеќе на Агротим