Инфлацијата во регионот над 5 отсто, Македонија не може да остане имуна
Цената на храната е зголемена под 1 отсто во месец април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на Владата кои ги прави врз основа на добиентите бројки од Државниот пазарен инспекторат, информираше премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по отварањето на пазарот за електрична енергија во Скопје.
– Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве – рече Мицкосцки.
Премиерот Мицкоски посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. Во Бугарија е веќе над 6 отсто, Хрватска се движи околу 6, а Грција околу 5.
-Нема како ние да останеме имуни на ова. Имајќи предвид минатата година овој период имавме и Велигденска кошница. Но, очекувам сето ова да се стабилизира во овој тековен месец и веќе од следниот месец да имаме инфалција, која што ќе биде под 4%, а доколку имаме стабилизирање на состојбите во Иран, во Заливот, тогаш очекувам да дојдеме до оние бројки кои што до крајот на годината ќе бидат меѓу 2 и 3 отсто – вели Мицкоски.

