НовостиСветот на работникот

Истражувањето покажало колку сме несреќни на работа

   Време за читање 2 минути

Во новата анкета на компанијата HP, 83 % од незадоволните работници рекле дека се подготвени да заработуваат помалку, за да бидат среќни на работното место. Според новата студија, вработените ширум светот биле во таква ситуација на своите работни места.

HP Inc., го објавил својот прв HP индекс на работни односи кој имал за цел да дознае повеќе за односите на луѓето со нивните работни места. По анкетирањето на 15,600 испитаници во 12 земји во различни индустрии, резултатите откриваат низок морал на работните места ширум светот.

Само 27 % од работниците кои HP ги дефинира како оние кои работат „првенствено канцелариски“ работи, тврдат дека имаат здрав однос со работата, што значи дека поголемиот дел патат на работните места.

Повеќе од половина од несреќните вработените велат дека имаат проблеми со менаталното здравје и самопочитта, додека 62 % тврдат дека нивниот негативен однос кон работата влијаел на нивната физичка благосостојба.

Истражување: работа vs. живот

Студијата сугерира дека лошиот баланс помеѓу работата и приватниот живот може да влијае на менталното здравје на вработениот. Тоа се одразува на неговата продуктивност и зема данок во работењето.

Освен тоа, 83 % од тие работници рекле дека се подготвени да заработуваат помалку ако тоа значи дека ќе бидат повеќе среќни и ќе уживаат на работа.

Не е изненадување тоа што поголемиот дел од луѓето кои не се задоволни од својот однос со работата, размислуваат да заминат и не би им ја препорачале својата компанија на другите, пишува Entrepreneur.

„Очекувањата од работата во голема мера се промениле во последните неколку години. Сега е време да ги редефинираме и подобриме нашите односи со работата. Ако можеме да создадеме гостољубиво и инклузивно работно место каде идеите на секој поединец се важни и секој вработен се чувствува виден и ценет, нивниот квалитет на живот може драматично да се подобри“, рекла Лори Готлиб, психотерапевт и водител на „Dear Therapists“ која работа со HP.

Извор: BIZlife

Фото: Pexels