НовостиСветот на работникот

И вработените земаат неплатен одмор и заминуваат на сезонска работа во Хрватска

   Време за читање 1 минута

Скопје се празни, летово ќе нема кој да работи, сите ќе заминат на сезонска работа во странство. На прво место на листата на земји е Хрватска, каде што, за разлика од другите европски земји, многу полесно е да се добие работна дозвола и многу малку се чека. Најмногу се бараат келнери, готвачи, работници во кујна, хотелски персонал и хигиеничари. Од агенциите за посредување при вработување во странство велат дека освен невработени, лица без соодветна стручна подготовка, земјоделци, градежници… на сезонска работа заминуваат и вработени, кои земаат неплатен одмор за да заработат нешто дополнително.

Голем дел од угостителите веќе заминаа да работат во Хрватска, а дел чекаат понуда за работа. На оние што веќе еднаш биле, не им треба ниту посредник ниту дозвола за работа, туку директно се договараат со сопственикот.

Повеќе на Вечер Прес

Фото: Shutterstock, Marko Jovanović