НЕКАДЕ ДАВААТ И ДО 46 ДЕНА – Кои држави даваат најдолг годишен одмор?
Подготвил: Бобан Илијевски
Пополека но сигурно доаѓа лето, што значи дека се приближува и времето за искористување на дел од годишниот одмор. За Американците, тоа значи две платени слободни недели и повремен слободен петок.
Имено, американските работници во текот на првата година во компанијата, во просек земаат 11 работни денови годишно, а по пет години им се зголемуваат на 15.
Од друга страна, Европјаните имаат законско право на дури четири недели платен одмор годишно, а некои земји бараат од работодавачите да им овозможат и повеќе. Во Македонија, новиот Закон за работни односи предвидува работодавачите и работниците, преку Колективен договор или Договор за вработување, да утврдат поголем одмор од 20 дена, кој е законски минимален, односно до 26 дена (максимален број на денови за годишен одмор кои можат да ги утврдат фирмите и работниците согласно актуелниот Закон). Тоа значи дека ќе можат да договорат и годишен одмор од 30 и повеќе дена, по стапувањето во работен однос.
Од Франција до Австрија, ова се девет европски земји каде компаниите се должни на своите вработени да им дадат минимум пет недели платен одмор годишно, пишува Business Insider.

Фото: Pixabay/prosag-media
Земја на одморите
Французите се познати како народ кој го сфаќа годишниот одмор многу сериозно. Со самото тоа, секој месец од компаниите добиваат 2,5 денови одмор, односно 30 дена годишно.
Полн месец
Во Андора работниците кои се вработени повеќе од шест месеци имаат право на 30 дена одмор годишно, а најмалку две недели од истиот мора да се искористи последователно.
Земји со 28 дена платен одмор
Кога станува збор за Обединетото Кралство, вработените имаат законско право на 28 слободни дена. Меѓутоа, вработените можат да ги спојуваат деновите со празниците.
Вработените во Молдавија, исто така, имаат загарантирани 28 дена платен годишен одмор, не вклучувајќи ги празниците.

Фото: Pixabay
Спојување на одморот
Вработените во Луксембург имаат два дена помалку годишен одмор, односно пет недели.
За разлика од некои други земји, во Луксембург е дозволено да земете годишен одмор одеднаш, но за да имате право на истиот, треба да работите најмалку три месеци во компанијата.
Најмала држава, најмногу празници
Сан Марино, можеби е и најмалата држава на светот, но на основа на слободните денови дефинитивно не е за занемерување. Имено, со закон, вработените имаат 26 дена годишен одмор.
А згора на тоа, во Сан Марино се празнуваат 20 државни празници, што значи дека вработените можат да остварат вкупно 46 денови годишен одмор секоја година.
Со тоа, вработените во Сан Марино се на високото второ место во светот по бројот на слободни денови.

Фото: A. Nalbantjan
Кој плаќа повеќе?
Вработените во Шведска по една година поминати во компанијата имаат право на пет недели одмор, додека во текот на летните месеци работниците во поголемиот дел од индустриите, имаат право да земат до четири споени недели одмор.
Швеѓаните се платени малку повеќе во текот на деновите на одмор. Освен тоа, тие можат да пренесат до пет дена од моменталниот одмор на тој од следната година.
Вработените во Австрија имаат право на 25 дена годишен одмор, односно пет недели.
Откако ќе поминат 25 години во иста компанија, вработените на годишно ниво добиваат уште едена недела платен годишен одмор.
Извор: Telegraf Biznis.
Фото: Canva

