ЗОШТО БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА НА ОВАА ВОЗРАСТ Е НАЈГОЛЕМ? (Графикон)
Подготивл: Бобан Илијевски
И во 2023 година, продолжува трендот на невработеност кај постарите лица во Македонија. Според податоците со кои располага Агенцијата за вработување, од вкупно 107,588 невработени заклучно со 30 април 2023 година, 16,245 или речиси 16 % од вкупниот број на невработени, се на возраст од 55 до 59 години.
По нив следуваат лицата на возраст од 60 и повеќе години – 14,332 (13,3 %), 50 до 54 години – 13,415 (12,4 %), 45 до 49 години – 12,675 (11,7 %) и лицата на возраст од 40 до 44 години, чија невработеност изнесува 10,929 (10,1 %).
Иако невработеноста кај помладите лица е помала во однос на постарите, сепак е висока, особено кај оние на возраст од 30 до 34 години и изнесува 10,246 (над 9 %).
Една од потенцијалните причини за поголемата невработеност кај постарите луѓе е тоа што потешко можат да дојдат до работа, додека помалата стапка на невработеност кај младите, примарно се должи на нивното иселување од државата.
Во графиконот подолу можете да видите која возрасна група бележи најмала, а која најголема невработеност:

Фото: Canva

