Ова се најдобрите европски земји за дигитални номади во 2026 година
Во 2026 година канцеларија може да биде речиси каде и да постојат лаптоп и добра интернет врска.
За се’ поголемиот број луѓе кои работат на далечина, изборот на земја во која ќе живеат не зависи само од убавината на дестинацијата, туку и од трошоците, инфраструктурата, безбедноста и можностите за легален престој.
Новото рангирање покажало кои европски земји нудат најдобри услови за дигиталните номади. LEI регистар, глобална база на податоци, анализирал 40 земји и 19 различни критериуми, вклучувајќи ги цените на кириите и намирниците, брзината на интернетот, бројот на coworking простори, безбедноста и правилата за добивање на виза.
Предвид се земени и познавањето на англискиот јазик, здравствената заштита и бројот на локални настани. На прво место се нашла Естонија.
Најдобри европски земји за дигитални номади
Естонија го зазела првото место на листата, благодарение на комбинацијата на релативно пристапни трошоци на живот, инфраструктура и услови за дигиталните номади.
Просечната кирија за еднособен стан во центарот на естонски град изнесува 573 евра, додека трошоците за намирници се процнеуваат на околу 247,80 евра месечно. Земјата има добра брзина на интернет, највисока оценка за безедноста меѓу анализираните држави, додека визата за дигиталните номади важи една година и чини 85 евра.
На второ место е Исланд. Иако е меѓу најскапите дестинации на листата, со просечна кирија од 2.098 евра и трошоци за намирници од 541,62 евра, земјата е добро оценета во повеќе категории.
Исланд има најбрз интернет меѓу анализираните земји, најголем број на coworking простори и голем број на достапни Airbnb сместувања. Исто така, оценет е како многу безбеден и има голем број на настани.

Португалија е трета на листата. Оваа земја веќе долго време привлекува дигитални номади, помеѓу другото поради брзиот интернет, високото ниво на познавање на англискиот јазик и достапноста на визите.
Визата за дигитални номади кој важи една година чини 80 евра, додека просечната кирија за стан во центарот на градот изнесува 919 евра месечно. Иако трошоците за сместување се повисоки отколку во некои други земји од листата, Португалија има инфраструктура која е добро прилагодена за работа на далечина.
На четврто место е Црна Гора, а една од причините за тоа е многу ниската цена на визата. Таа изнесува 26 евра, додека периодот на важење може да биде до 730 дена, што е најдолг период меѓу земјите опфатени со истражувањето.
Просечната кирија изнесува 576 евра, а месечните трошоци за намирници околу 211,22 евра. Црна Гора е послабо оценета кога станува збор за здравствената заштита, но има втор најголем број на Airbnb сместувања на листата, што ја прави интересна опција за дигиталните номади со ограничен буџет.

Петото место го зазела Хрватска, која го нуди вториот најдолг период за важење на визата – 540 дена.
Хрватска, исто така, е трета по оценка на безбедноста и четврта по достапност на Airbnb сместувања по глава на жител. Просечната кирија за стан во центарот на градот изнесува 663 евра, додека месечните трошоци за намирници се проценуваат на 232,46 евра.
Познавањето на англискиот јазик е на високо ниво, а земјата нуди и голем број на настани. Од друга страна, брзината на интерентот е послаба и најниска меѓу земјите во првите пет.
Првите десет на листата ги комплетираат Словенија, Чешка, Шпанија, Литванија и Романија. Секоја од овие земји има свои предности и недостатоци, во зависност од тоа што дигиталните номади бараат.
Кои земји се на дното на листата?
На другиот крај на рангирањето се наоѓаат пет земји кои, според резултатите на истражувањето, нудат помалку поволни услови за дигиталните номади.
На последно место е Ирска. Иако е четврата според познавањето на англискиот јазик и добро е оценета кога станува збор за настани и coworking простори, високите кирии, послабите оценки за безбедноста и здравствената заштита влијаат на нејзиниот пласман.
Дополнителен проблем претставува и фактот дека Ирска нема виза за дигитални номади, што ја отежнува можноста работниците на далечина оваа земја да ја изберат како своја база.
Швајцарија го зазела претпоследното место. Ни таа нема виза за дигитални номади, додека трошоците за намирници се високи, а просечната кирија изнесува 1.785 евра. Од друга страна, земјата има брз интернет, високо ниво на безбедност и голем број на coworking простори.
Следуваат Белорусија и Босна и Херцеговина. Двете земји се значајно поповолни од Швајцарија кога станува збор за трошоците, но ниедна не нуди виза за дигитални номади.
Белорусија е особено лошо оценета за брзината на интерентот и достапноста на coworking простори. Босна и Херцеговина има релативно ниски трошоци, но според истражувањето се наоѓа меѓу земјите со послаба инфраструктура.
Меѓу последните пет се нашла и Франција. Иако со години е меѓу најпосетените туристички дестинации во светот, според ова истражување не е меѓу најпогодните европски дестинации за дигитални номади.
Франција има квалитетна здравствена заштита и добра брзина на интернетот, но не нуди виза наменета за дигитални номади. Покрај тоа, познавањето на англискиот јазик е оценето како релативно ниско, додека индексот за безбедност е најлош меѓу земјите опфатени со истражувањето.
Извор: b92.net

