„БМВ“ го менува начинот на работа: Помалку шефови, повеќе вештачка интелигенција
Германскиот произведувач на автомобили „БМВ“ планира да ја поедностави организациската структура и во поголема мера да се потпре на вештачката интелигенција за побрзо да се прилагоди на промените на глобалниот пазар.
Компанијата планира до средината на 2027 година да го намали бројот „на дизвии и повразни раководни позиции“ за 20 %.
Оваа промена на почетокот најмногу ќе се однесува на раководителите на дивизиите, макар што нејзиниот ефект ќе биде видлив и на пониските нивоа на управување. Сепак, како што е соопштено од седиштето на компанијата во Минхен, целта не е големо намалување на вкупниот број на вработени, пишува Seebiz.
„БМВ“ на почетокот на оваа година најавил програма за доброволно заминување од компанијата во сите области освен производството. Според извори од компанијата, вкупната глобална работна сила ќе биде намалена за околу 8.000 вработени, при што голем број на работни места би можел да биде укинат во администрацијата, како и во секторот истражување и развој во Германија.
Извршниот директор на „БМВ“, Милан Недељковиќ оценил дека организациската структура на компанијата во Минхен „едноставно е преголема“ и дека мора да стане порационална и поагилна.
Призводствените капацитети во Германија, од друга страна, добро се искористени, поради што се изземени од програмата за намалување на бројот на вработени.
Недељковиќ рекол дека главниот предизвик е трошоците да се вратат на ниво на кое на „БМВ“ му овозможува на глобалниот пазар да се натпреварува со конкурентни цени, со соодветни профитни маржи.
Посебно во Кина, „БМВ“ планира повеќе да се потпира на регионализација на развојот, производство и набавки, за да ги намали трошоците за производство и подобро да одговори на специфичните потреби на кинеските купувачи.
„Моделот на увоз на возила од други земји во Кина постепено ќе биде укинат до почетокот на наредната деценија“, навела компанијата.
„БМВ“ соопштил и дека ја разгледува можноста во иднина од Кина да извезува автомобили на пазарот на југоисточна Азија.
Извор: b92.net

