И по снег и мраз, Славица обожава да вози шлепер

Славица Јанковиќ (49) од Хрватска зад себе ги оставила патиштата на Србија, Босна и Херцеговина, а стигнала дури и до Англија. Самохраната мајка на четиринаесетгодишната Милица пред шест години морала да ја напушти работата во месара поради здравствени проблеми, а подоцна и се отворила прилика да ја започне „работата од соништата“.

И не, не станува збор за „женска“ работа или канцеларија која бара убава облека и фризура. Напротив, Славица морала да ги засука ракавите, да поправи нешто, да размислува во моментот и да биде подготвена на се, бидејќи таа е професионален возач на камиони.

Кога бев дете, знаев дека застанам со велосипедот и да гледам како камионите поминуваат додека не се изгубат во хоризонтот. Во конкуренција од 70 кандидати влегов меѓу првите пет на кои ЕУ ќе им ги покрие трошоците за преквалификација – раскажува Славица за Večernji.hr.

Имено, таа од претходно била запознаена со малите камиони, бидејќи во животот работела се, па така со години возела комбе со роба која потоа ја продавала.

Заминувањето во Англија

По преквалификацијата заминала во Англија, каде живее нејзината сестра, а набрзо положила за дозвола да вози по нивните патишта. Потоа следела и првата работа која била одлично платена, меѓутоа поради тоа што нејзината ќерка не можела да се навикне на новиот начин на живот, а и поради болеста на родителите, одлучила да се врати во Хрватска.

Меѓутоа, нејзината љубов кон камионите не можела туку-така да биде заборавена, па и работата дома ја заменила со онаа зад волан.

Можам да кажам дека не се покајав и ја работам работата која ја сакам. Работам за многу помалку пари, но ќерка ми е среќна и задоволна, а блиску сум и до татко ми кој е болен. Јас едноставно уживам додека возам и ништо не ми е тешко. Поради ќерка ми и болниот татко го замолив сопственикот на фирмата да возам тури на кои не морам да преспивам за да навечер можам да се вратам дома. Ми излегува максимално во пресрет, на што сум им благодарна и многу ми значи – вели Славица Јанковиќ.

Сепак, би излажала доколку би рекла дека зад воланот на шлепер од 17 метри и товар од 40 тони не постои стрес. Како што раскажува, најтешко ѝ паѓа чекањето на граница кое е вообичаено и против кое не се може.

Се присетува и на една вечер кога ѝ пукнала гумата, а и на возењето на снег и мраз. Исто така, предупредува и на несовесните возачи. Како што рекла за Vecernji list, знаела да биде толку уморна, што кога се туширала целата када и се нишала пред очи.

Славица е пријавена за најдобра работничка за оваа година, а во конкуренција од 780 пријавени, влегла во топ 10 кандидати.

Извор: Telegraf Biznis.rs.

Фото: Pixabay