МакедонијаПравдаСветот на работникот

Кој е опљачкан последните 30 години?

   Време за читање помалку од минута

Статусот на Никола Петров го пренесуваме во целост:

Работник/работничка во конфекција, маркет, фирма за обезбедување и др, со 30 години работен стаж зема плата фиксна 14.500 ден.

1. Додаток на плата за минат труд – нема,

2. Платен превоз – нема,

3. Хранарина – нема,

4. Платено прекувремено – нема,

5. Платен ноќен труд – нема,

6. Платен К-15 – некаде има, некаде нема, некаде вратено,

7. Платен годишен одмор – исто,

8. Платено боледување – исто.

9. Платено екстра за работа на празник – нема…

Кој е опљачкан последните 30 години?!

Работничката класа ем опљачкана ем од свој џеб си плаќа да оди на работа за да оствари профит за буржоазијата. 99% од работничка класа ствара капитал на 1% буржоазија.