Светот на работникот

„Те цедат, а гостите те третираат како слуга“ – жена открила како изгледа сезонската работа на Јадранот

По расправата за односот на гостите кон хотелскиот персонал, се одѕвала жена која седум сезони работела на Јадранот и ја опишала другата страна на туристичката сезона – долгите смени, исцрпеноста, недостигот на слободни денови и однесувањето на одредени гости, пишува Večernji.

Туристичката сезона на Јадранот за гостите значи одмор, сонце и море, но за илјадници вработени во хотелите, рестораните и другите туристички објекти летото е период на интензивна работа.

Токму за таквиот однос кон хотелскиот персонал започнала расправа на Фејсбук страната „Советник за патување – Travel Advisor“.

Една корисничка се пожалила на однесувањето на вработените во одредени хотели, по што следувала исповед на жена која, како што навела, седум сезона работела на Јадранот.

Нејзиното искуство покажува што, според нејзините зборови, се случува зад кулисите на хотелите.

„Работев по 12 часа“

Жената ја опишала работата во хотелското бифе и навела дека смените често траеле по 12 часа.

Според нејзините зборови, работата подразбирала долготрајно стоење, физички напор, малку одмор и работа во услови во кои било тешко да се одржи нивото на енергија во текот на целите смени.

Посебно го критикувала односот на одредени работодавачи кон работниците, тврдејќи дека вработените често имаат чувство како да се само бројка во системот.

Нејзиниот заклучок е дека гостите најчесто ги гледаат само оние неколку минути услуга, а не часовите работа кои и’ претходеле.

„Ретки беа гостите што се однесуваа човечки“

Пособен дел од исповедта се однесувал на однесувањето на гостите.

Како што навела, за седум сезони на прстите од едната рака може да ги наброи гостите кои кон неа постапувале со почит.

Според нејзиното искуство, одредени туристи сметаат дека фактот дека платиле за сместувањето и услугата им дава за право да бараат речиси се’.

Затоа, поранешната работничка смета дека гостите би требало да имаат повеќе разбирање за персоналот кој работи во текот на најинтензивниот дел од годината.

Што се случува кога сите ќе одат на ручек?

Ги опишала и моментите кога голем број на гости истовремено одат на ручек или вечера.

Тогаш, како што тврди, персоналот мора да биде подготвен на голем притисок и поголем обем на работа.

Во нејзиниот случај, смената завршувала во еден дел од денот, а веќе неколку часа подоцна морала повторно да се врати на работа.

Поради оддалеченоста на сместувањето, како што вели, се случувало практично да нема доволно време за вистински одмор.

Навела и дека во одредени денови во хотелот поминувала од утро до доцна навечер.

„Гостинот не платил личен роб“

Сепак, поранешната работничка нагласува дека тешката работа не е оправдување за некултрурата на вработените.

Основната љубезност, како што вели, мора да биде двострана.

Истовремено, апелирала до гостите на ум да имаат дека вработените во хотелите имаат работно време и право на одмор.

„Гостинот не платил личен роб 24 часа дневно“, е пораката со која се обидела да укаже на границата помеѓу хотелската услуга и односот кон вработените.

Денес и самата е хотелски гостин

Искуството од работата во туризмот го променил нејзиниот однос кон хотелскиот персонал.

Денес, како што вели, и самата отседнува во хотели од висока категорија, но не и’ паѓа на памет поради ситиници да им приговара на вработените.

Причината е едноставна – знае што се случува зад насмевката која гостинот ја гледа зад пултот, во ресторанот или на рецепција.

„Гостите ја гледаат услугата, но не гледаат што и’ претходи“, е суштината на нејзината исповед.

Платите се поголеми, но работна сила и понатаму недостига

Нејзината приказна доаѓа во момент кога хрватскиот туризам и понатаму се соочува со недостиг на работна сила.

Иако платите во туризмот во последните години растеле, работодавачите и понатаму се потпираат на голем број сезонски работници, вклучувајќи и вработени од странство.

Поголемите плати, сепак, автоматски не ги решаваат проблемите како долгите смени, недостатокот од одмор, условите на сместување и притисокот во текот на најинтензивните месеци.

Поради тоа искуството на вработените и понатаму претставува една од важните теми кога се зборува за сезона на хрватското крајбрежје.

Извор: Bizportal.rs