СПМ: ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА И ЗКП МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ, ДОСТА Е ВЕЌЕ
ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА И ЗКП МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ, ДОСТА Е ВЕЌЕ![]()
Во членовите 31 и 31-а од Законот за полиција е утврдено времено одземање на оружје и муницијата со кои е задолжен полицискиот службеник за кој е започната постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство до правосилност на одлуката во кривична односно прекршочна постапка.
Во членот 19 од Законот за кривичната постапка, се дефинирани дејствијата за кои се смета дека кривичната постапка е започната.
Имајќи го предвид наведеното, неспорно и јасно е уредено дека оружјето и муницијата, времено ќе му бидат одземени на полицискиот службеник за кој е започната постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, до правосилноста на одлуката во кривичната односно прекршочната постапка![]()
Бараме достојно почитување на наведените законски одредби односно почитување на член 31 и член 31а од Законот за полиција и член 19 од Законот за кривична постапка од страна на сите раководители.
Порака до сите раководители: ИСКРЕНО ПРОЧИТАЈТЕ И ОБРАТЕТЕ ВНИМАНИЕ НА ОВА ПРЕД ДА ПРОДОЛЖИТЕ СО ПРАВЕЊЕ НА ШТЕТА НА МВР

