- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Каде да се обратиш доколку ти се повредени работничките права?

Каде да се обратиш - Работник
1.69Kviews
Каде да се обратиш доколку ти се повредени работничките права?
Согласно член 32 од Уставот на Република Македонија, „Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на
привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен
дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат. Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со
колективни договори.“
Меѓутоа, правата на работниците секојдневно се прекршуваат. Затоа, прво информирајте се за вашите работнички права, на тој начин ќе бидете свесни доколку работодавачот ви ги прекршува. А потоа, доколку се најдете во ситуација работничките права да ви бидат прекршени, повредени
или ускратени на каков било начин, има како да реагирате.
Доколку работодавачот ви ги ускратува и/или повредува вашите работнички права, треба писмено да поднесете барање до него да ви ги овозможи ускратените права и/или да отсрани повреда на вашите права. Ако ви е врачена писмена одлука со која се повредуваат вашите работнички права, барајте од работодавачот да ја птстрани повредата во рок од 8 дена. Работодавачот е должен да постапи по вашето барање во рок од 8 дена од поднесувањето на истото, но доколку не сте
задоволни од одговорот, имате право да поднесете тужба до надлежен суд во рок од 15 дена. Во случај на неисплатена плата и/или други надоместоци на плата, придонеси за осигурување,
можете да поднесете тужба до надлежен суд без претходно поднесување барање до работодавачот. Во случај на писмена одлука за прекинување на вработувањето, имате право на приговор во рок од 8 дена од врачувањето на таквата одлука до работодавачот, кој пак има рок од 8 дена да одлучи по приговорот. Во случај да не донесе одлука работодавачот во тој рок или пак не сте задоволни од истата, можете да поднесете тужба во рок од 15 дена до надлежен суд (ако нема
механизам за жалба против одлуката на работодавачот од страна на второстепен орган). Првостепениот суд има обврска да закаже расправа најдоцна 1 месец од денот на поднесување
на тужбата, а целата постапка мора да ја заврши најдоцна во рок од 6 месеци. Второстепен суд одлуката по поднесена жалба има обврска да ја донесе во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата, односново рок од 2 месеци ако се одржи расправа.
Може да се поднесе и иницијатива за инспекциски надзор до Државниот инспекторат за труд и тоа анонимно. Инспекторатот едолжен да постапи во рок од 30 дена од поднесувањето на
иницијативата, како и да го извести подносителот за утврдената состојба.
Вашите работнички права можете да ги остварите преку синдикат. Како работник секој има право да одлучи дали ќе основа или ќе членува во синдикат, а работодавачот не смее во никој случај да го условува работникот да не членува во
синдикат, ниту пак да го раскине договорот за вработување доколку работник членува во синдикат. Синдикатот е самостојна, демократска и независна организација, во која работниците се здружуваат заради застапување, претставување,
унапредување и заштита на своите права и интереси. Ние ви советуваме да станете член на синдикат доколку постои таков во вашата гранка- во спротивно основајте го.
Тимот на Јуридика
 

Фото: Unplash