Кадиевска Војновиќ: Буџетот е во хаос, долгот и неплатените обврски на државата галопираат, а од СДС и ДУИ молк
,Не беше прејако од оваа перспектива за сѐ што пишував, алармирав и нудев решенија во континуитет низ годините (ова до експертите кои од сега натаму ќе почнат да се јавуваат):
„Фискална (не)одржливост“ (дек. 2021 година, Економија и бизнис);
„Растот на јавниот долг – кочница на идниот економски раст“ (март 2022 година, Економија и бизнис);
„Инфлацијата и спората реакција – голем трошок за економијата“ (март 2022 година, портал Нетпрес)
„Четири стратегии како приоритет“ (април 2022 година, Економија и бизнис);
„ Стагфлација, проекции, ребаланс“ (јуни 2022 година, Економија и бизнис);
„Даночната реформа – сметката за фискалната недисциплина“ (сеп. 2022 година, Економија и бизнис);
„Демографија, инфлација и фискална неодржливост“ (дек. 2022 година, Економија и бизнис);
„Буџетот во 2023 година – Утопија и влез кон банкрот!“ (дек. 2022 година, портал Пари).
„Владата се презадолжува, како надворешно така и домашно!“ (окт. 2023 година, портал Пари).
Наместо фискална консолидација на расходите, штедење во буџетот, рационално трошење на народните пари по високиот раст на долгот за време на Ковид-19 кризата, Владата на СДС и ДУИ си продолжи да троши недомаќински, ужасно, на разни трансфери, разни скандали, разни корупции кои се отворија и допрва ќе се отвараат! Вистинската фискална консолидација кај приходите исто така изостана, имаше мала шминка. Борбата со сивата економија беше нула, проширувањето на даночната основа кај ДДВ и данок на добивка заради опфат на сива економија беше нула. Единствено, растот на минималецот и на платите во приватниот сектор значеше повисока основа за собирање на приходи од данок на личен доход и од придонеси. Затоа, оваа мерка колку и да сакаа да ја престават како социјална мерка, мерка за поттик на растот на платите, всушност беше и мерка за собирање на пари во буџетот. Но, и така да беше, тие пари требаше да се потрошат рационално. Сега после 7 години нема ништо од капитални инвестиции, нема ништо од енергетска и транспортна инфраструктура изградена од државата, нема ништо од Коридор 8/10д…падон, има 236 милиони евра веќе префрлени пари од буџетот!
Пишував дека оваа политика на СДС и ДУИ кои енормно го зголемија долгот, кои водеа политика на екстремно високи буџетски дефицити при значаен раст на каматните стапки ќе ни се удри од глава. И нѝ се удри од глава! Затоа нема тековно пари за раст на плати, нема пари за раст на пензии, нема пари за поттик на фирмите, нема пари за развој. Сите манипулации за високата сума на пари од буџетот за мерки за справување на кризи паднаа во вода. Каде отидоа вистински парите од буџетот, тек допрва треба да се утврди. Ако вистински ја спасуваа економија со многу пари, зошто тогаш владата на СДС и ДУИ испорача најнизок пост ковид раст од 1,6% од сите земји во регионот? Па ако сме имале највеќе пари за антикризни мерки, ќе сме требале да имаме и најдобар раст. Но, наспроти тоа испорачаа раст на долгот – единствена земја сме во регионот каде релативното учество на долгот во БДП се зголемува! Сите останати држави имаат намалување на јавниот долг!
Џабе сега потврда од сите меѓународни финансиски институции како Светска банка и ММФ дека состојбата во Македонија е загрижувачка. Овој брод одамна тонеше, веќе е потонат, но со него потона и македонската економија.
И продолжуваат во 2024 година и тоа јако. На неколку пати досега дополнителниот заменик-министер за финансии Елена Петрова од ВМРО-ДПМНЕ ја информираше јавноста дека буџетот се наоѓа во значајно нарушена состојба од почетокот на годината. Но од СДС и ДУИ молк.
Да сумирам и заклучам некои главни поенти од лошата состојба:
Буџетскиот дефицит алармантно расте и е над проектираниот; Досега изнесува 354 милиони евра или 65% од планот за цела 2024 година (545 милиона евра). Со вакво темпо дефицитот би достигнал над 800 милиона евра на крајот на годината- блиску до кризната ковид година!
Долгот се зголемува со засилено темпо; Имаме НОВ долг од 340 милиони евра за само 105 дена! Долгот достигна 8,8 милијарди евра, а оваа влада речиси го дуплираше долгот (од 4,7 милијарди евра на крајот на 2016 година). Заради оваа влада на СДС и ДУИ секое семејство во Македонија дополнително должи по основ на долг и камати околу 10.000 евра.
Трошоците за камати на долгот на СДС и ДУИ се енормно пораснати во однос на лани. Вкупно 122 милиони евра се платени за камати од буџетот досега, а лани во истиот период 62 милиони евра. Ова е речиси двојно зголемување и над планот за цела 2024 година (273 милиони евра).
Наплатата на даноците не иде според планот, односно наплатата на ДДВ од потрошувачка во земјата е ниска зошто нема побарувачка од населението заради скапотијата; Се враќаат задоцнети поврати на ДДВ од претходи периоди;
Владата на СДС и ДУИ нема испланирано доволно пари во буџетот за 2024 година за раст на плати на јавната администрација и за раст на пензиите како што се фалеше по пресови. Недостасуваат околу 100 милиони евра за да се исполни ветувањето за раст на плати од 10%, и за раст на пензии по постоечката формула.
Плус на ова, внатрешниот долг е 500 милиони евра! Само во првото тримесечје државата кумулирала неплатени обврски во износ од 82 милиона евра, од кои на приватниот сектор му должи плус 30 милиони евра или вкупно околу 200 милиони евра! Јавните претпријатија дополнително должат 68 милиона евра, јавните здравствени установи плус 12 милиони евра, но затоа општините намалиле долг за 2,3 милиони евра во првото тримесечје.
И сега – никој, ама баш никој од власта, техничкиот премиер (впрочем каде е?), министерот за финансии, министрите од економските ресори, некој од експертската јавност, централната банка нешто да кажеше!
Зошто има молк? Дали ова значи дека сакаат да ја скријат состојбата која е алармантна, а во која тие нѐ втурнаа? Па дали ова е европско однесување?
Маските паднаа. Хаосот настана. Изборите треба да бидат казна за досегашната недисциплинирана фискална политика на СДС и ДУИ.”, вели Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
- ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА И ВО ГЕРМАНИЈА, КАКО ПОМИНА ЕКСПЕРИМЕНТОТ: Вработените поодморни, понаспани и попродуктивни - 04/11/2024
- Анализа: Каков е соодносот меѓу минималната и просечната плата кај нас и во регионот - 04/11/2024
- ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Можат ли работниците да бираат дали сакаат пари во кеш или слободни денови за одмор - 01/11/2024