Кажете збогум на работното време од „9 до 17“, велат експерти

Воведувањето на четиридневната работна недела во 2022 година ги охрабри работниците и менаџерите повторно да размислат за начинот на кој работат. Но ова е само врвот од санатата мрза, пишува LinkedIn.

Деловната социјална мрежа, повикувајќи се на ставови на експерти, смета дека во 2023 година работниците ќе продолжат со барањата за поголема флексибилност, при што се очекува да се „ослободат“ од работното време „9-17“ во целост.

Нелинарните работни денови, тренд кој го забрза работата на далечина, на вработените ќе им овозможи поголема слобода при иззбирањето на работничките часови.

Иако ќе треба и работодавачите да се откажат од дел од контролата, бенефитите од асихнроната работа се ветувачки: флексибилниот распоред на работното време може да ја зголеми продуктивноста кај вработените за 30 %. Ова го покажува истражувањето објавено од Future Forum.

Асинхроната работа им овозможува на работниците да бидат временски независни“, вели Лора Гиурџ, професорка на лондонската школа за економија. „Ни помага да се оддалечиме од фокусирање на тоа колку време поминуваме на работа и да се насочиме кон квалитетот на работата“.

Овој концепт на асинхрона работа веќе е воведена во некои технолошки компании и ќе биде клучен фактор за задржување на работната сила во овој сектор во следната година.

Фото: Canva