МакедонијаПравдаСветот на работникот

Каква е состојбата во градинките и училиштата?

Каква е состојбата - Работник
38views

И покрај зголемениот број на заразени лица со ковид во земјава, градинките засега остануваат отворени. Министерката за труд и социјална политика вели дека иако има благо зголемување на позитивни лица во овие установи, состојбата со вирусот генерално е добра.

Министерката додава и дека во моментов во изолација сe 482 деца и околу 77 вработени. Нивната здравствена состојба е добра, а во изминатиов период биле хоспиталзиирани само едно дете и еден воспитувач.

Освен градинките, отворени остануваат и училиштата. И од министерството за образование и наука велат дека заедно со здравствените власти, будно ја следат ситуацијата на терен.

Состојбата со вирусот Ковид-19 се следи од сите надлежни институции, а одлуките во секој општествен сегмент, вклучително и во образованието се носат исклучиво врз основа на препораки од страна на Комисијата за заштита од заразни болести. Aпелирамe до учениците, наставниците и родителите да ги почитуваат заштитните мерки. Со почиутвање на мерките не само што го штитиме здравајето, туку и образовниот процес, велат од МОН.

Според податоците на министерството, минатата недела биле пријавени 4 наставници и 3 ученици позитивни на вирусот, кои со физичко присуство следеле настава. Во моментов заразени  се 52 наставници од кои 45 во основно и 7 во средното образование, како и 40 ученици, од нив 36 во основните и 4 до средните училишта во земјава.

Извор: Сител