- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Какво зголемување на минималната плата е можно во ек на криза?

Зошто младински додаток - Работник
4.75Kviews

Зголемување од 200, колку што сака Владата, или 400 денари – колку што превидува законот. За колку ќе порасне минималната плата, утре ќе одлучува социо – економскиот совет. Според законот, усогласувањето на минималната плата, кое се прави еднаш годишно, треба да ги земе во предвид 3 те фактори – третина од порастот на просечната плата, третина од растот на трошоците за живот и третина од бруто домашниот производ. Според пресметките на ССМ, минималецот би пораснал за 446 денари, односно би достигнал 15.400 денари

„Ова ни е шанса да кажеме дека ние се грижиме за работникот, како работодавачи и неговиот труд го вреднуваме, преку исплатената плата пропишана во Договор за вработување. И пак ќе кажам, зголемувањето не е доволно, за да ги покрие зголемените цени на производите во маркетите и продавниците“, изјави Дарко Димовски, претседател на Сојузот на Синдикати на Македонија.

Димовски не стравува дека поради повисоката плата, можен е бран отпуштања, со оглед на недоволната ликвидност во стопанството предизвикана од пандемијата. Смета дека ако платата не порасне, работодавачите ќе останат без работна сила.

„Сите знаеме дека работодавачите користат субвенции за плати од 14.500 до 21,700 денари за секој работник. Ако се знае дека просечната плата во реалниот сектор изнесува 24.000, немојте да ми кажете дека газдите, кои зеле пари од државата, немаат 6.000 до 10.000 денари месечно, само за да им дадат повисоки плати на своите работници“, додава Димовски.

И додека кај нас се кршат копјата за зголемување од 200 до 400 денари, Германскиот синдикат по неколку неделни преговори и повремени штрајкови, денеска постигна договор над 700.000 вработени во електро и металуршката индустрија. Тие ќе добијат ко вид бонус од 500 евра годинава, плус годишни бонуси во 2022 и 2023 година, во вредност од 18%, односно 27,6% од месечната заработка.

Исплатата, која е еквивалент на зголемување од 2,3 отсто, може да се претвори и во скратено работно време, без да им се намалат приходите.

Извор: Сител