ЕкономијаМакедонија

Ќе има ли поевтинување? Денеска ќе се знаат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат во наредната недела.

Во изминатата недела ЕУРОСУПЕР БС-95 се продаваше за 93 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 95 денари, додека цената на дизелот изнесуваше 98,50 денари за литар.

Останува да се види дали денеска ќе следува поскапување, поевтинување или цените ќе останат непроменети.