Како да му се спротивставите на шефот, а да не ја изгубите работата?

Уметноста на комуникацијата најмногу се гледа во вакви ситуации: кога треба да го изнесете својот став и да се заземете за себе, додека од друга страна, тоа да го направите пред надредениот, пред личноста од која, можеби, ви зависи егзистенцијата во дадениот момент. 

Се случуваат и ситуации кога вашиот шеф едноставно не е во право, но, како да му го кажете тоа? Поголемиот дел од вработените тоа нема да го земат во предвид, плашејќи се од отказ. Сепак, тоа не е решение. 

Неможноста да се соочите со проблемите, кажувањето на вистината и да научите од сето тоа – може да има далекусежни последици. 

Питер Гуагнети поминал цела деценија помагајќи им на компаниите да бидат успешни и иновативни во дигиталниот свет. Тој е стратег и креативен мислител кој открива пет методи за тоа како да му се спротивставите на вашиот шеф, а да тоа не ве „чини“ работно место и плата. 

Нагласете го позитивното (1), користејќи т.н. сендвич метод, за кој Гуагнети вели дека е дури кукавички, но може да вроди со плод. Се работа за тоа како прво да ги истакнете работите кои се како што треба, а потоа да го соопштите она лошото. Поголема е веројатноста дека менаџерите ќе сакаат јасни повратни информации, за да се подобрат. Меѓутоа, фокусирањето само на лошото прави да делувате премногу негативно или како да ви недостига јасен поглед на ситуацијата. Позитивните, како и негативните конотации, даваат потполна слика. 

Користете „јас“ кога зборувате (2), бидејќи премногу „ти“ може да го стави вашиот шеф во позиција на одбрана. На пр., „не требало да го ангажираш тој и тој работник“. Од друга страна, „сметам дека не требаше да го ангажираш тој и тој работник“ – испраќа поинаква порака. 

Фокусирајте се на „заедничкиот јазик“ (3), бидејќи вие и вашиот шеф работите заедно за да успеете. Кога се бавите со одреден проблем, потсетете го на целите од одредена акција или одлука. Втемелете ја својата дискусија на заедничките цели и секогаш образложете ги аргументите со добри инфромации. 

 

posao

Фото: Freepik

Поставувајте прашања (4), бидејќи шефовите вообичаено знаат повеќе од вас, барем би требало. Пред да укажете на проблемите, уверете се дека се (веројатно) во право. Обидете се да ја разберете целокупната ситуација: како шефот гледа на работите?; дали е задоволен со резултатите?; колку сте сигурни во одлуката или работата која ја доведувате во прашање? Отворањето на дијалог и поставувањето на корисни прашања може да им помогне на шефовите да увидат дека грешат пред воопшто нешто да кажете. 

Понудите решенија (5), бидејќи ако имате мислење – имате и одговорност. Дури и ако само шефот е одговорен за лошата одлука, сите мораат да ѝ помогнат на компанијата да го реши проблемот и да продолжи напред. Ако добро ѝ пристапите на ситуацијата, одличниот шеф ќе ви биде благодарен на посветеноста и искреноста, а компанијата ќе има поголеми шанси за успех. Ако, наместо тоа, сте казнети, време е да се запрашате дали тој шеф е вреден за вашето време. 

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock