НовостиСветот на работникот

Како да ја вратите мотивацијата која е „на нула“? Едноставни, но ефикасни совети

   Време за читање 4 минути

Подготвил: Бобан М. Илијевски

Не е лесно да остане мотивиран во време на голема конкуренција, зголемени протисоци врз работниците, стагнација на платите и зголемување на расходите…

Многумина, особено оние кои „заглавиле“ на една работа со години, сакаат промена или, едноставно, им недостига некој двигател, мотор.

Можеби сте и разочарани, бидејќи вашата работа не ви го нуди повеќе она што ви го нудела или не ги исполнува вашите очекувања од стартот.

Но, без оглед на причината за недостатокот на мотивација, добрата вест е што можете да го надминете, а ова се некои од начините да го направите тоа.

Визуелизирајте ги вашите цели

Поставувањето на целите не е доволно за да бидете мотивирани, пишува Bankar.me. Како врвните спортисти, морате да замислите како ги постигнувате одредените цели. Детално размислете за тоа како ќе изгледаат работите кога ќе ја достигнете целта, за да подобро ги разберете конкретните чекори кои треба да се преземат. Таквиот вид на визуелизација ќе ви помогне да одржите позитивен начин на размислување.

Наградете се себеси

Покрај долгорочните планови за една година или пет години, поставите и краткорочни цели и наградете се себеси секогаш кога ќе ги исполните. Вашиот мозок позитивно реагира на честите успеси и награди – секогаш кога ќе постигнете нешто, мозокот ослободува допамин, хормон за среќа и мотивација.

Направете ја работата забавна

Сите знаеме дека лесно е да се биде мотивиран за време на забавните активности, но не секогаш е лесно работата да се направи забавна. Често ни недостига мотивација за досадните, повторувачките или прекумерно сложените задачи; во тој случај, обидете се да пронајдете начин тешките делови од работата да ги направите попријатни.

На пример, работите во друштво на пријатели или колеги. За тоа не е нужно да морате да работите на иста задача или многу да разговарате, но веројатно ќе се чувствувате покомфорно ако работите со некој; можеби ќе се развие и здрава конкуренција.

Сетете се зошто работите

Прашајте се себеси – зошто сакате да ја завршите работата? Внатрешната мотивација може да произлезе од различни причини. Можеби сакате добро да ја звршите работата за да добиете унапредување; можеби морате да се грижите за семејството; или, едноставно, уживате во тоа работната задача да е добро сработена, дури и ако тоа не е „работата од вашите соништа“.

Контролирајте го само она што можете

Било да работите сами или во група, секогаш постојат работи кои се вон ваша контрола. Фокусирајте се на она што можете да го контролирате и насочете ја својата енергија на тие подрачја. На пример, направете што е можно подобра презентација, дури и ако на некои клиенти не им е по волја (обично не поради вашата презентација, туку поради нивното расположение). Насочувајќи ја вашата енергија само на важните работи, нема да се исцрпите грижејќи се за работите кои се вон вашата контрола.

План Б

Мотивацијата опаѓа во моментот кога имате чувство дека не сте успеале во нешто – особено на работа. Наместо проектите кои не успеале да ги гледате како неуспех, гледајте ги како само една опција која не дала резултати.

Секој нов обид ве прибилижува до вистинскиот пат. Неуспехот не значи дека целата ваша идеја е лоша. Ако некој од пристапите не успее, избришете го од листата и обидете се со нешто ново. Кога го гледате светот од тој агол, ќе бидете помотивирани и ќе престанете лично да го сфаќате неуспехот.

Мотивацијата на работното место во голема мера зависи и од вашиот ментален склоп и начинот на кој ги перципирате работите. Кога ќе го промените пристапот кон задачите, поефикасно ќе се ангажирате, ќе бидете посреќни и значајно повеќе мотивирани на работа.

Извор: Telegraf Biznis. rs

Фото: Shutterstock

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси