НовостиСветот на работникот

Како до работа во Словенија?

   Време за читање 1 минута

Заводот за вработување на Република Словенија во понеделник ќе организира настан под називот „Живот и работа во Словенија“, со цел да ги информираат работниците за нивните права и нивната заштита во работните миграции, се наведува во соопштението на Заводот за вработување на Словенија.

Настанот се организира на основа на меѓународниот договор за вработување помеѓу Република Словенија и Република Србија, а тука ќе се најдат генералната директорка на Заводот за вработување на Словенија, Грета Метка Барбо Шкребинац, како и Саша Арсеновиќ, градоначалник на Марибор.

Посетителите ќе имаат прилика да се информираат за условите за живот и работа во Словенија, како и да добијат индивидуално советување за кариерата. Ќе можат да добијат одговори и на прашањата поврзани со словенечкиот образовен систем, признавање на стручните квалификации, условите за сместување во Словенија и сл.

Се очекува присуство на речиси 60 словенечки работодавачи од различни сектори, како и претставници на синдикати.

Извор: Danas.rs

Фото: Shutterstock/UfaBizPhoto