Поради докази, СПМ ги повлекува кривичните пријави против неколку лица
Известување на Синдикатот на полицијата во Македонија:
Согледувајќи несоборлив доказ кој ни беше доставен веднаш после поднесувањето на наведената кривична пријава, Ве известуваме дека Кривичната пријава број 18-31 од 19.04.2024 година ЈА ПОВЛЕКУВАМЕ против второ, трето и четвртопријавените лица односно од самата пријава ги повлекуваме лицата В. Т., Д. М. и М.М бидејќи постојат причини дека наведените не го сториле кривичното дело за кое се товарат.
Имено со записник за советување и гласање од 28.11.2023 година самата комисија составена од сите пријавени донела одлука до Министерот да се достави предлог – ЗАПИРАЊЕ НА ПОСТАПКАТА. Записникот е потпишан уредно од сите членови на комисијата.
Со тоа остануваме Кривичната пријава единствено да биде поднесена против лицето Оливер Спасовски.
На лицата/вработените кои претходно беа опфатени во пријавата ИМ СЕ ИЗВИНУВАМЕ за непријатната ситуација во која се најдоа, воедно изразуваме благодарност за навремено доставување на соодветниот доказ.

