- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Како ќе се надомести бројот на работници во индустријата кој постојано опаѓа во ек на корона кризата?

ССМ бара УЈП - Работник
267views

Бројот на работниците во индустријата во октомври годинава, во однос на октомври минатата година, е намален за 4,9 проценти, а во периодот јануари – октомври годинава, во споредба со истиот период лани за 4,7 проценти, објави државниот завод за статистика. 

Ова не е првпат да има опаѓање на бројот на работници во индустријата во време на корона кризата. Приближно 5 проценти е намален и бројот на работници во индустријата во септември, односно тој изнесувал 4,7, во однос на истиот период лани, додека во август е намален дури за 5,1 процент во споредба со август 2019 година

Од Стопанската комора на Македонија, на прашањето на порталот Работник, зошто е опаднат бројот на работници во последните месеци, велат дека доколку се разгледаат индексите на вработените во индустријата по дејности, како и индустриското производство, може да се утврди корелација меѓу движењето на вработеноста и производството во одредени индустриски дејност.

„На пример, во дејностите производство на хемикалии и на хемиски производи, производство на основни фармацевтски производи и на фармацевтски препарати, производство на производи од гума и на производи од пластични маси е забележан раст на вработените, како и раст на производството за првите десет месеци. Истото се должи и на зголемениот обем на работа во текот на тие месеци“, велат од Комората. 

Аналогно, претходното намалување на вработените во одредени индустриски дејности се должи на намалувањето на производството, кое најчесто е резултат на намалена екстерна побарувачка за производите, како и на намалени или на откажани нарачки. Таква е состојбата во дејностите производство на текстил, производство на облека, производство на кожа и на слични производи од кожа, производство на моторни возила, приколки и на полуприколки, производство на мебел и други, велат од Стопанската Комора на Македонија.

Министерство за образование и наука овозможи стипендии за учениците од средните сручни училишта

Министерката пред некој ден истакна дека МОН веќе работи на воспоставување на нов концепт на средното стручно образование преку создавање на три регионални центри за средно стручно образование.

„Активно работиме на воспоставување на три регионални центри за средно стручно образование и обука во Куманово, Тетово и Охрид. Нашата тенденција ќе биде вакви ВЕТ центри да отвориме во сите региони во државата. ВЕТ центрите кои се воспоставуваат со поддршка на Европската делегација и со инвестиција од МОН и техничка и друг вид поддршка во делот на организација и верификување на профили и опрема, од Швајцарската развојна агенција, треба да почнат да служат како ресурсни центри во регионот не само да верификуваат кадри, туку истите тие профили да имаат влез во компаниите и компаниите да се вклучат во обука “, рече Царовска.

Царовска истакна дека сега имаме стручни училишта кои продуцираат кадар што не e потребен на пазарот на труд.

Министерството за образование и наука со воведени стипенидии за технички струки и со променета уписна политика го поттикнува создавањето на стручни профили коишто се потребни на пазарот на труд. Исто така, од јануари до март следната година, МОН заедно со Стопанската комора и со сите локални чинители ќе води социо – економски дијалог за потребите на реалниот сектор, за да се донесе одлука кои профили во која општина или средно училиште ќе се верификуваат, истакна тогаш Царовска.

Царовска вчера по посетата на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Министерката, заедно со в.д. градоначалникот Јане Миланов, со директорот и наставниците на основното училиште „Гоце Делчев“ рече: „Оваа година ја променивме политиката за стипендирање и за прв пат се воведоа стипендии за стручните училишта.

„Стручното образование за МОН и за Владата останува висок приоритет. Со вложување во средното стручно образование создаваме граѓани коишто се работоспособни и директно може да се вклучат на пазарот на труд, но имаат и можност да се вклучат и во високото образование. Овие кабинети кои ги видов тука навистина даваат можност учениците да се стекнат со практични вештини. Интенцијата на МОН во наредниот период е преку тесна врска со компаниите да се обезбеди можност праксата да се изведува во компаниите или што поголем број училишта да се поврзат со компании и да се воспостави системот на дуално образование“, изјави Царовска.

Со тоа, третина од средното образование би се изведувало во реален производствен процес, а директното остручување им дава подобра стартна шанса на сите ученици кои завршуваат стручно образование.

На владината седница која се одржа вчера се зголеми бројот на стипендии за електротехничката струка, затоа што имавме повеќе апликации. Од 9 се зголеми на 23 за да може да ги опфатиме сите ученици коишто сакаат да бидат стипендирани, а се од електро струката, којашто е значајна за целата индустрија во нашата земја“, нагласи вчера министерката Царовска.

Од годинава воведени се ученички стипендии за избрани дефицитарни струки: машинска, земјоделско-ветеринарна, текстилно-кожарска, електро-техничка и градежно-геодетска струка, посочи таа. 

Бројот на работници во индустријата би можел да се надомести долку има соработка помеѓу образованите институции и бизнис секторот

Од Стопанската Комора на Македонија на прашањето колку кадарот од средните стручни училишта би можел да има влијание врз надоместувањето на бројот на работници во индустријата во Македонија, истакнаа дека тој би можел да го надомести бројот на работници во индустријата доколку постои засилена соработка меѓу образовните институции и бизнис-секторот.

„Тоа значи, од една страна, преку образовниот процес да се изврши подготовка на учениците според барањата на бизнис-секторот за потребните квалификации и стекнување практични вештини и компетенции, со вклучување на компаниите во реализацијата на практичната обука на учениците, од друга страна“, велат од Комората. 

Според нив, нив тој начин компаниите ќе ги подготвуваат учениците според организацијата, работните задачи и според процесите на компанијата, со краен резултат нивно вработување по завршувањето на средното образование.

Порачаа дека уписната политика мора да ги следи потребите на стопанството, а конкурсите за упис да бидат релевантни на барањата на стопанството. 

Во однос на тоа како гледаат на тоа што МОН воведе стипендии за техничките струки, од Стопанската Комора на Македонија велат дека воведувањето стипендии за техничките струки ќе придонесе за зголемување на уписот на учениците во стручните училишта, но и за поголема посветеност на учениците да се стекнат со стручни знаења и со практични вештини.

Бобан Илијевски