ЕкономијаОстанатоСвет

Капиталот се враќа на златото: Зошто денес е важно во кој облик го поседувате златото

Во април 2026 година, глобалните ETF фондови за злато забележале нето приливи од приближно 6,6 милијарди американски долари, со зголемување на резервите за 87,3 тони злато – што претставува најсилен месечен прилив од крајот на 2024 година, според податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council). Ова претсавува остар пресврт во однос на март, кога фондовите регистрирани на американските берзи забележале одливи од околу 85 тони, бидејќи инвеститорите реализирале профит и барале ликвидност по силниот раст на цените на злато.

Уште поважно, април покажува дека капиталот се враќа на златото дури и при цените над 4,500 – 4,700 американски долари по унци. Истовремено, Азија продолжува да го поддржува пазарот, при што Кина и Индија одржуваат силна инвестициска побарувачка. Во Индија инвестициската побарувачка за злато прв пат во историјата ја надминала потрошувачката на накит, додека приливите во ETF фондови пораснале за 186 % на годишно ниво.

Овој тренд укажува на промена на однесувањто на инвеститорите: високите ценовни нивоа се’ повеќе се прифаќаат како „нова реалност“, а не како привремен врв. Во тој контекст, повеќе прашањето не е дали да се инвестира во злато, туку во кој облик да се поседува.

Помеѓу злато и кованици

Основниот избор и понатаму е помеѓу физичо злато, во облик на прачки и инвестициси кованици, и т.н. „хартиено злато“, најчесто преку ETF фондовите (фондови со кои се тргува на берзата). Иако двата пристапи ја следат цената на златото, значајно се разликуваат според структурата и профилот на ризик.

Физичкото злато претставува директно сопствеништво над материјалниот имот. Тоа постои вон финансискиот систем и не зависи од неговото функционирање, што го прави отпорен чувар на вредноста на долг рок. Ваквиот вид на вложувања не зависат од посредници чија финансиска стабилност или регулаторно опкружување би можеле да влијаат на пристапот на сопственоста.

Спротивно на тоа, вложувањето низ ETF фондовите овозможува изложеност на цената на златото по пат на финансиски инструменти. Ваквиот пристап нуди висока ликвидност, едноставен пристап и релативно ниски влезни трошоци, но останува поврзан со пазарната инфраструктура, регулаторната рамка и институционалните учесници.

„Клучната разлика не е во движењето на цената, туку во структурата на сопствеништво. Кај физичкото злато инвеститорот поседува вистинска сопственост независна од финанскискиот систем. Изложеноста низ ETF фондовите, од друга страна, е врзана за пазрните и институционалните рамки, што воведува поинаков вид на ризик, особено во периоди на зголемена неизвесност“, изјавил Ѓеорги Христов, директор на компанијата Тавекс злато и сребро.

Уште еден важен фактор кој го обликува пазарот е ограничената понуда на злато. Во услови на стабилна побарувачка на централните банки и инвеститори, понудата останува релативно нееластична, што поддржува високи ценовни нивоа и ја зголемува осетливоста на пазарот на нови приливи на капитал.

Во такво опкружување, обликот на сопствеништво станува стратешко прашање. Разликата не е повеќе само во трошоците или практичноста, туку и контролата, независноста и изложеноста на системскиот ризик.

Кога пазарот на инвестициско злато се прилагодува на повиските ценовни нивоа, разбирањето на тоа што го поседувате станува подеднакво важно како и самата одлука за инвестирање.